Дишете низ нос!

Прва и основна лекција која ќе ја слушнете од учителот по јога е дека треба да дишете низ нос. Зошто е тоа важно? Правилното дишење го одржува здравјето. Врската помеѓу умот и ритамот на дишењето е одамна утврдена. Расеаниот и немирен ум зад себе има секогаш нерамномерно и површно дишење. Со свесно и рамномерно дишење го смируваме умот. Имено, додека воздухот минува низ ноздрите, тој се загрева, а влакненцата во носот притоа ја задржуваат нечистотијата, па така вирусите и бактериите не допираат до белите дробови. Затоа, дури и кога сте најуморни и најлесно го губите здивот (на пример, додека планинарите или трчате), дишете низ нос и само преку него.

Бенефитите од јога техниките на дишење:

  • ја поттикнуваат оксигенизацијата на ткивата и го чистат телото од отрови

  • го ублажуваат стресот и го доведуваат телото во баланс

  • го јакнат имунитетот

  • го зголемуваат капацитетот на белите дробови

  • го чистат целиот систем за дишење и ги јакнат респираторните мускули
  • му даваат енергија на телото и ја подобруваат концентрацијата

  • ги ублажуваат алергиите и тегобите на дишните патишта

 

 

joga11

 

 

Освестете го сопственото дишење

 

 

  • Седнете со скрстени нозе на удобна перница или простирка

  • Затворете ги очите, издолжете го рбетот, насочете го вниманието на здивот, и бидете во целост свесни за секое вдишување и издишување
  • Почувствувајте како воздухот ви ги милува ноздрите одвнатре
  • Следниот чекор е тестирање на десната и левата ноздра
  • Со палецот притиснете ја десната ноздра и дишете низ левата, а потоа притиснете ја левата и оставете воздухот да струи низ десната
  • Дали чувствувате дека едната ноздра е ,,поотворена,,?
  • Ако е тоа десната, вашата витална енергија е зголемена и подготвени сте за физичка работа.
  • Ако е левата, посмирени сте и добро можете да се сконцентрирате на умствена работа.
  • Откријте кои јога вежби најдобро ќе ви ги избалансираат десната и левата ноздра, па исчистете ги белите дробови од токсините.

 
 

Нади шодана или наизменично дишење

 

  • Заземете удобна седечка положба.
  • Левата рака е во положба на chin mudrа (спојте ги палецот и показалецот, а останатите прсти се испруќени), нежно ставена на левото колено.
  • Денсата рака е покрај лицето во vishnu mudrа (свиткајте ги показалецот и средниот прст, а палецот, домалиот прст и малиот прст оставете ги испружени.
  • Затворете ги очите и издишете го сиот воздух од белите дробови.
  • Со палецот нежно притиснете ја десната ноздра, а вдишете низ левата (вдишувањето трае онолку долго колку се чувствувате пријатно).
  • Потоа затворете ја левата ноздра и полека вдишете преку десната (и издишување и вдишувањето се подеднакво долги – во тоа може да ви помогне броењето).
  • Потоа, без да го задржувате здивот, вдишете низ десната ноздра, а потоа со палецот затворете ја десната ноздра и издишете низ левата.
  • Направете по 5 циклуси на наизменично дишење низ двете ноздри, а завршете со издишување низ левата ноздра.
  • Оваа техника на дишење ќе ви ги прочисти енергетските канали во телото и ќе ви го урамнотежи дишењето.
Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.