Иако постојат многу други начини, сепак научно е докажано дека следниве нешта можат да ви осигураат долговечност.

1. Прочитајте некое списание од почеток до крај – ќе ви го опушти мозокот

2. Јадете нешто црвено црвената пиперка има повеќе витамини од портокалот, цвеклото содржи нитрати кои ги отпуштаат крвните садови, доматите содржат моќни антиоксиданси, а сварени помагаат во заштитата од срцеви болести и рак
3. Истрчајте по еден километар колку што можете побрзо – она кое ќе го истрчате може за 30 до 40 години да ве заштити од срцеви болести
5. Пијте по еден чај на ден го намалува нивото на хормонот за стрес
6. Легнувајте си еден час порано само еден час подолго спиење може за шест дена да го намали значително крвниот притисок
7. Во болница носете со вас јогурт – ќе ви го зајакне имунитетот
8. Секој ден одделете малку време за длабоко да дишете – со оваа едноставно вежба ќе ја подобрите функцијата на белите дробови, ќе го забавите срцето и ќе го регулирате притисокот
9. Одржувајте го домот чист најдобар рецепт за долговечност е кога покажувате колку сте свесни
10. Појадувајте сланина, не колбаси иако сланината има калории, таа содржи помалку маснотии од колбасите
11. Не плашете се од најлошото – грижењето околу здравјето не е лошо, но ако постојано се грижите дека ќе ви се случи нешто лошо, ризикувате тоа и да ви се случи
12. Шетајте секој ден кусата прошетка е доволна за да ви се ,,одмори,, мозокот
13. Ставајте помали количини храна на чинијата стаорците, мајмуните и глувците живејат двојно подолго ако им се редуцира храната
14. Бирајте здрави пријатели минувањето на времето со здрави пријатели влијае позитивно и на вашето здравје
15. Занимавајте се со градинарство – еден час поминат во градината е исто како да сте истрчале осум километри
16. Јадете повеќе лук го намалува ризикот од рак
17. Пијте млеко содржи витамин Д, кој го намалува ризикот од артритис и остеопороза
18. Чувајте го овошјето вон фрижидерот – она кое е на собна температура содржи повеќе бета – каротен
19. Имајте секс два пати неделно делува како антидепресив, опушта и го редуцира стресот. Истражувањата покажале дека сексот три пати неделно го продолжува животот за две, а секојдневниот секс за осум години
20. Секој ден заборавајте по нешто – не размислувајте за возниот автобуски ред, за имињата на луѓето кои сте ги запознале на некоја вечера и т.н. На мозокот му е потребен одмор од неважните информации
21. Кажувајте ја вистината лажењето предизвикува стрес
22. Немојте да бидете пресреќни преголемата опуштеност може да доведе до тоа да одбиете некој медицински совет
23. Јадете суви сливи содржат 20 пати повеќе антиоксиданси од останатата храна
24. Одберете предизвикувачка работа напорната работа може да ви го продолжи животот
25. Пијте по една чаша вино секоја вечер ограничете се на само една чаша црно вино и намалете го ризикот од срцеви болести, рак и од Алцхајмерова болест
26. Живејте на рид свежиот воздух и движењето го продолжуваат животот
27. Немојте да јадете кикиритки во 100 грама кикиритки има дури 622 калории. Подобро изедете морков, целер или пиперка

28. Согласувајте се со родителите со тоа ќе го намалите крвниот притисок
29. Расправајте се со партнерот – караниците и изразувањето лутина доведуваат до висок крвен притисок, несоница и срцеви болести
30. Имајте деца децата можат да ве исцрпат, но и да ви го спасат животот. Истражувањата покажале дека оние кои немаат деца често завршуваат како алкохоличари, депресивни личности, или и двете

 

 

Тагови: долг живот
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина