Акните, мозолките и некои кожни болести можат да остават непријатни лузни поради кои кожата може да изгледа грдо и одбојно. Покрај лузните на останатите делови од телото, лузните на лицето можат да бидат непријатни. Меѓутоа, овие лузни не се неизлечливи. Ова се три едноставни чекори со чија помош можете да се ослободите од старите и новите лузни, без никакви нус-појави.

Користете производи за заштита од сонцето

Ако имате ,,нова,, лузна, кој е стара околу еден месец, тогаш е многу важно да спречите тој да се изложува на директна сончева светлина. Штетните ултравиолетови зраци можат да предизвикаат хиперпигментација, која само дополнително ќе ја влоши состојбата. Затоа, пред излегување надвор погрижете се лузната да ја покриете со квалитетен производ за заштита од сонцето (крема или лосион).

Масажа на дневна база

Масирањето на лузните на дневна база ќе помогне истите побрзо и поефикасно да зарастат. Освен тоа, масажата ќе ја спречи појавата на нови лузни и ќе помогне старите лузни да омекнат. Ова се смета за едно од најбрзите, најлесни и најефикасни начини на отстранување лузни настанати како резултат од несреќа или операција. За уште поефикасни резултати, масирајте ги лузните со хидратантна крема, бидејќи тоа ќе помогне да се зголеми протокот на крв кај болното место и ќе се зголеми производството на колагенот, со што ќе се забрза процесот на заздравување.

Користете сок од лимон како пилинг за лузните

Сокот од лимон е добро познат по своите природни квалитети за пилинг. Тој, низ историјата, е користен за лекување и отстранување на лузни, бидејќи содржи големи количини лимонска киселина која пилингот на кожата го прави поефикасен. Лимонската киселина помага во отстранувањето на горните, оштетени слоеви на кожата, а со самото тоа се прави ,,простор,, за новата и здрава кожа. Освен тоа, сокот од лимон помага за рамнење и омекнување на тврдите ткива кои ги прават лузните, со што се олеснува нивното отстранување. Секојдневното втривање на сок од лимон на лузните е многу здрав процес. Освен што ќе ги отстрани лузните, овој сок ќе направи вашата кожа да изгледа посветло и поздраво.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина