Ум преполн со мисли, кои се пристигнуваат и прескокнуваат – тоа е сликата на менталниот притисок кој често го поднесуваме, а кој придонесува за стрес и кој не исцрпува. Идејата е енергијата да се пренасочи и да се врати во телото и со тоа да се олеснат секојдневните обврски и да се намали напнатоста.

1. Научете да се будите полека и притоа да мислите само на оа што го сакате

Не е добар почеток на денот ако си дозволите мозокот, во мигот на будење, да ,,скокне,, од нула мисли на педесет. Шокот за мозокот значи и шок за телото. Затоа, потрудете се да се будите полека, не станувајте веднаш од креветот и посебно не започнувајте веднаш да размислувате за обврските кои ве чекаат. Барем пет минути опуштете се и слушајте го својот внатрешен глас, кој ви шепоти некои убави мисли.

2. Отворете ја малку устата

Звучи неверојатно, но опуштањето на тензијата која се собира во вилицата може да донесе големо олеснување од притисокот кој се собира во главата и околу вратот. Покрај тоа, ќе отпуштиме барем пет здодевни мисли. Со отворање на устата и отпуштање на вилицата доаѓа до отпуштање и на образите и мускулите на лицето, па на тој начин енергијата се враќа во телото.

3. Исчистете го просторот кој ве опкружува

Со оглед на тоа што мислите ви се во метеж, веројатно и домот ви е затрупан со беспотребни нешта. Ако сакате, можете да отстраните 30% од непотребните нешта кои повеќе не ви се допаѓаат и кои не ги сакате, а кои не се вклопуваат во просторот. Ова олеснување во домот ќе ви донесе олеснување и во умот, па мислите кои се обидуваат да ве обземат ќе немаат никакви шанси за тоа.

4. Премотајте ги мислите и повторете ги забавено

Време е да се забавите малку со мислите! Одберете ја онаа која најмногу ве нервира и која најчесто се повторува, па повторете ја во главата сосема забавено. Ова повторувајте го се додека таа мисла не ја загуби смислата. Прво што ќе забележите е колку е таа непродуктивна и потоа ќе успеете да се ослободите од неа еднаш засекогаш.

5. Ослободете се од мислите така што ќе ги запишувате

Нештата кои ни се битни често ги премотуваме низ глава за да не ги заборавиме. Следниот пат кога ќе се договорите да излезете со некого, или кога ќе се сетите дека треба да купите нешто – запишете го тоа. Запишувањето ќе направи да се почувствувате дека сте го запомниле тоа што ви е битно, и тогаш мозокот нема да има потреба да ја повторува истата работа нон-стоп.

6. Активирајте ги сетилата

Вклучете ги петте сетила (мирис, вкус, допир, вид и слух) и на тој начин насочете ја енергијата од умот на телото, каде би требало да биде. Да речеме да го насочите вниманието на она кое можете да го помирисате. Дали е пријатно, свежо, дали можете да го промените тој мирис? Миризливите масла, стапчиња и свеќи е одличен начин за да го активирате сетилото за мирис, додека во исто време ги смирувате и опуштате мислите.

7. Отстранете ги мислите кои ве оптоваруваат

Мислите немаат свој сопствен ,,ум,, и ,,воља,, лесно можат да се остранат. Некому му помага медитација, некому свирењето, некому танцот, некому прошетката, некому инспиративните книги. Пронајдете го она што ви помага и посветете доволно време на тоа, бидејчи креативноста и фантазијата не постојат во умот кој е зафатен.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина