ЕМГ (електромиографија) е електродијагностичка метода за испитување на функциите на периферниот нервен систем (периферните нерви и мускули) во состојба на мирување и движење.

 

Со неа може брзо да се потврди, да се постави дијагноза за болеста или повреди на нервниот систем, дисфункција на мускулите или проблеми со преносот на сигналите од нервите до мускулите.

 

Моторните неврони пренесуваат електрични сигнали ки предизвикуваат мускулна контракција. ЕМГ ги спроведува овие сигнали во графови (нумерички вредности) кои ги толкува доктор специјалист.

 

 

Кога се изведува електромиографија?

 

Вашиот доктор може да ви даде да направите ЕМГ доколку имате знаци или симптоми кои можат да укажуваат на нарушување на нервите или мускулите.

 

Таквите симптоми може да вклучуваат:

 

  1. трнење,
  2. здрвеност,
  3. слабост на мускулите,
  4. одредени видови болки во екстремите (рацете, нозете).

 

ЕМГ дијагностиката се користи кај:

 

  • болести на периферниот систем (оштетувања на периферните нерви, оштетувања на нервните снопови),
  • нарушувања кои влијаат на моторноте неврони во мозокот и во рбетниот мозок (амиотрофичналатерална склероза, полио),
  • нарушувања во нервите вон рбетниот мозок (синдром на карпален тунел, периферна невропатија),
  • мускулни нарушувања (полиомиозитис, мускулна дистрофија),
  • нарушувања кои влијаат на коренот на нервите (хернија на дискот),
  • болести кои го погодуваат поврзувањето на нервите и мускулите (мiastenia gravis).

 

Како се изведува ЕМГ?

 

ЕМГ (електромиографијата) се изведува со помош на посебен апарат којшто се нарекува електромиограф и со разни видови електроди (површински и иглични електроди) кои ги регистрираат и пренесуваат невромускулните потенцијали на екранот од апаратот.

 

Иако при постапката најчесто се користат  безболни површински електроди, во случаите кога е потребно невролошко испитување на подлабоко лоцираните мускули можни се и т.н. иглични електроди, коишто се вметнуваат во мускулот (како инекции) и коишто можат да предизвикаат болка на местото на убодот.

 

При постапката се користи електрична стимулација со еднонасочна струја со низок интензитет, која предизвикува непријатност.

 

Пред самата постапка, можете нормално да консумирате храна и пијалоци и пропишаните лекови. Известете го својот доктор ако:

 

  • имате пејсмејкер или која било друга електрична медицинска направа,
  • земате лекови за разретчување на крвта,
  • имате хемофилија или нарушување во згрутчувањето кое предизвикува долготрајно крварење.

 

По ЕМГ може да се појават помали и привремени модринки на местата каде се ставале игличните електрод. Модринките би требало да исчезнат по неколку дена. Ако и по овој период се видливи, обратете се кај својот доктор.

 

Емг е дијагностичко испитување со низок ризик. Компликациите се ретки. Постојат многу ретки можности за крварење, инфекции и оштетувања на нервите на местата на вметнување на игличните електроди. При испитување на мускулите на градниот кош со иглични електроди, постои многу мал ризик да навлезе воздух помеѓу белодробниот и градниот кош, што може да предизвика колапс на белите дробови.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина