Освен што е неизбежно во бројни колачи, давајќи им посебен вкус и арома, морското оревче отстранува и бројни тегоби. Тоа најдобро го знаат поддржувачите на алтернативната медицина, кои препорачуваат одредени традиционални рецепти. 

  • За лекување на честа реума, се растопуваат 2 лажици свинска маст и во неа се додаваат 3 лажици сончогледово масло. Кога мешавината ќе се загрее, се додава 1 лажица морско оревче во прав и се се меша убаво. Се остава да се олади во стаклена тегла. Пред употреба добро се загрева една лажица од овој препарат, се нанесува на газа и истата се става на местото зафатено од реума. Се држи 20 минути.
  • Против гингивитис или воспалени непца се подготвува раствор, така што во една чаша со врела вода се додава половина лажичка морско оревче во прав. Растворот се остава да се олади, а потоа со него се измива усната шуплина преку целиот ден. Инаку, овој раствор помага кај сите орални инфекции, само што не смее да се голта.
  • Против несоница, се подготвува тинктура така што во една шолја се става 70% алкохол и му се додава една лажичка морско оревче во прав. Содржината добро се промешува и се остава да отстои пет дена на сонце. Потоа се префрла во шишенце и се чува на темно и студени место. При појава на несоница, возбуда и нервоза, се капнуваат по 10 до 15 капки од оваа тинктура во една лажица мед и се раствора истата во уста. Кога ќе се растопи, се голта.

 

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.