Жените воглавно одбегнуваат да креваат тегови, сметајќи дека оваа физичка активност е ,,машка,, и поради тоа што не сакаат да му наштетат на својот женствен изглед. Меѓутоа, кревањето тегови (барем оние мали) има цела низа здравствени предности. Еве некои од најважните од нив.

1. Согорувате повеќе масти за време на тренингот

Секоја физичка активност соорува одреден број калории и наталожени масти, но кревањето тегови е најефикасно за топење на намасните наслаги. Најновото истражување спроведено во САД покажало дека учесниците во него, кои покрај кардиоваскуларни вежби задолжително кревале и тегови, загубиле за 40% повеќе масти од останатите учесници.

2. Мускулите поинтензивно ги согоруваат калориите

Мускулите користат многу повеќе енергија и со самото тоа согоруваат повеќе калории од обичното масно ткиво. Кажано со други зборови, ако вашите мускули се затегнати и јаки, ќе согорите многу повеќе калории во текот на денот, дури и во периодот на мирување, додека, на пример, седите пред компјутер. Поточно, како што покажуваат студиите, доколку кревате тегови ќе согорите за 10% повеќе калории.

3. Посилни коски

Здравјето на коските со текот на времето станува се полошо, но кревањето тегови може да ви помогне да го спречите процесот на нивното пропаѓање, па дури и да ја подобрите нивната структура. Американското истражување покажало дека четири месеци тренинг на отпор ја зголемува густината на коските, а со самото тоа и нивната јачина за дури 20%.

4. Здраво срце

Кревањето тегови има благопријатно дејство врз крвниот притисок. Три дена тренинг на кревање тегови неделно се доболни за да се намали ризикот од мозочен удар за 40%, како и ризикот од срцев удар за 15%.

5. Витко тело

Мускулите имаат погусти структури од мастите, па со самото тоа и заземаат помал простор во телото, па освен што секако ќе изгледате фит и затегнато, ќе изгледате и повитки одошто што навистина сте.

6. Ја потикнува рамнотежата

Никогаш не е доцна да се креваат тегови, а за постарите овој вид вежбање може да биде покорисно од трчањето. Австралијанските научници во едно истражување заклучиле дека кај постарите луѓе кои почнале да креваат тегови процентот на проблемот со рамнотежата, во вид на падови и повреди за време на пад, се намалил за дури 31%.

7. Ќе го оставите пушењето

Една студија покажала дека пушачите и од двата пола, кои почнале редовно да креваат тегови, двапати полесно го оставиле пушењето, во споредна со оние кои не вежбале редовно со тегови.

8. Побрзо закрепнување по рак

Насобирањето течности во рацете е потенцијална нуспојава од операција на рак на дојката и од зрачење, а може да се појави по неколку месеци или дури и години по третманот. Истражувањата покажуваат дека пациентите оперирани од рак на дојката кои кревале тегови имале помали шанси од нивните врсници со исти здравствени проблеми да ги доживеат овие негативни симптоми и последици од болеста.

9. Ќе бидете посреќни

Секој вид вежбање во принцип го подига нивото на сератонин, хормонот на среќата кој е задолжен за доброто расположние. Едно најново истражување покажало дека шест месеци редовно кревање тегови значајно ги подобрува резултатите за мерење на контролата на бес.

10. Подобар сексуален живот

По 30-та година, нивото на тестостерон кај мажите почнува да опаѓа, а неговото ниско ниво може да доведе до еректилна дисфункција и потешки болести, како што се болести на срцето и дијабетес. Кревањето тегови е одличен начин за да се сопре овој процес, бидејќи телото реагира позитивно на секаков вид вежбање, а посебно на кревањето тегови, а плус и се произведува повеќе тестостерон.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина