Со промена на исхраната и консумирањето на одредени намирници ќе го подобрите и изострите видот, а во исто време и ќе ги заштитите очите.

 

1. Морков

 

Сигурно веќе имате слушнато како морковот и другото портокалово овошје се здрави за очите и за заштита на видот. Бета-каротенот, вид на витамин А, им ја дава на овие намирници портокаловата нијанса и и помага на мрежницата и на другите делови од окото да функционираат како што треба.

 

2. Зелен зeленчук

 

Богат е со лутеин и зеаксантин – антиоксиданси кои го намалуваат ризикот од развој на макуларна дегенерација (дегенерација жолти пеги) и катаракта (сива мрежа).

 

3. Јајца

 

Жолчката исто така содржи лутеин и зеаксантин, но и цинк, кој е исто така добар во превенцијата на развојот на дегенерацијата жолти пеги.

 

4. Цитруси и бобинки

 

Овие намирници се полни со витамин Ц, кој се има покажано како спасител на видот, посебно во намалувањето на ризикот од појавата на очна мрежа.

 

5. Бадеми

 

Богати се со витамин Е, кој ја спречува појавата на макуларната дегенерација. Еден грст бадеми ја содржи во себе потребната дневна доза од овој витамин.

 

 

Тагови: Здравјеочи
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина