Како до подобар вид?
Јадете моркови!
Иако многумина можеби и ќе се насмеат на старото верување дека јадењето моркови помага подобро да гледаме во мрак, тие содржат голем процент на витамин А (кој исто така го има во рибиното масло), чиј недостиг може да доведе до ноќно слепило.
Не напрегнувајте ги очите!
Читањето или гледањето при слаба светлина предизвикува трајно оштетување на видот. Затоа настојувајте да користите светилки што даваат природна светлина. Ако работите на компјутер, правете пауза на секои два часа и излезете на воздух, за да фатите барем нешто од дневната светлина.
Вежбајте ги очите!
Трепкањето ја стимулира циркулацијата во очите, а ќе ја подобрите и со плискање на очите со студена вода наутро и навечер. Во паузата, навалете ја главата, прво на едната, па на друга страна, односно наред, па назад. Таа едноставна вежба ослободува од напнатост, предизвикана од слаба светлина или замор на очите.
Исхрана за добар вид
Дегенерацијата на подрачјето околу мрежницата на окото е честа појава, што предизвикува нарушување на видот. Лицата погодени од таа болест (најчесто постари лица, болни од шеќерна болест или болест на кардиоваскуларниот систем) не се во состојба да возат, дри ни да ги препознаваат пријателите. Истражувањата покажале дека правилната исхрана во младоста може доста да го намали ризикот од ова заболување. Свежиот зеленчук и овошјето (портокали и јаболка) содржат големо количество антиоксиданси, што му помагаат на организмот да се одбрани од болеста. Докажано е, исто така дека боровинките ги зајакнуваат ситните крвни садови на окото.
Заболувања на рожницата
Симптомите на оштетена рожница (прозирниот дел на предниот дел од окото) вклучува и болка во очното јаболко, црвенило и намален вид. Ако имате некој од овие проблеми, обратете му се на лекарот за совет.
Дистрофијата на рожницата припаѓа на групата особено ретки оштетувања. Симптомите се бели точки во средината на рожницата, а обично ги напаѓа двете очи. Целосното оздравување може да потрае и до една година. Трансплатацијата на рожницата се извршува само во случаи на силно оштетување на рожницата.
Мрежичка на окото
Мрежичката на окото нужно доведува до слабеење на видот. Раниот знак е порастот на чувствителноста на окото на автомобилска светлина навечер. Мрежичката со текот на времето зараснува, а единствен начин за да се ослободите од неа е отстранување со операција.
Намалете ја опасноста од инфекции
Се разбира, секој член од семејството треба да има своја крпа за лична хигиена на лицето. Наутро, за отстранување на гурелките на очните капаци, експерите препорачуваат да користите провриена студена вода. За секое око употребете парче вата и чиста вода. Не се препорачува нанесување на шминка на очните капаци, се додека не помине инфекцијата.
Исто така, доколку веќе имате инфекција, при употреба на капките за очи треба да внимавате да не го допрете окото со пипетата, а кога ќе мине инфекцијата да престанете со нанесувањето на капките за очи и истите да ги фрлите. Доколку носите контакни леќи, секако извадете ги пред да ги користите капките за очи.
Операциите со ласер се се почести
Доколку ви е здодевно постојано да носите очила или контактни леќи. Можете да се распрашате и за условите за ласерска операција во вашиот случај. Многумина веќе се одличиле на таков начин за решавање на проблемите со видот, а меѓу нив се и познати личности – како Кајл Блејк, Никол Кидман и Кортни Кокс.



