masninaslagi_1

Задоволни сте со својот струк, но би сакале да се ослободите од вишокот сало на колковите или надлактицата, или пак обратно. Ви звучи познато? Хормоните се одговорни за распоредот на салото на вашето тело. Но, на жалост, кај многу жени е присутен хормоналниот дисбаланс, кој е последица на загадениот воздух, недоволната физичка активност, неправилната исхрана и големите количини на стрес.

Заради тоа, вклучете се активно во некоја физичка активност, регулирајте го начинот на исхраната и заборавете на брзата храна, поминете повеќе време на свеж воздух и избегнувајте стресни ситуации и нервоза.

Масните наслаги околу струкот покажуваат дека лачењето на инсулин е надвор од контрола. За да го редуцирате овој проблем, јадете што е можно повеќе морски плодови, риба, брокула и зачини како цимет, чили, боровница и брусница, а секој ден трудете се да консумирате зелен чај. Се советува да јадете леб од интегрално брашно. На овој начин ќе со прочистите вашиот организам и лачењето на инсулин ќе го доведете до едно оптимално ниво. Исфрлете ги од употреба алкохолот и газираните пијалоци, слатките работи и помфритот.

Наталоженото сало во пределот под пазувите ви оневозможува да носите фустани и маички без ракави. Освен тоа што не изгледа убаво, оваа појава може да биде знак дека вашата штитна жлезда не функционира како што би требало, односно дека функционира побавно отколку што би требало, а тоа е обично поврзано со брзото заморување и со лошото расположение. Затоа, намалете го внесувањето на намирници како што е брокула, кељ, репка, јагоди и праски. Наместо тоа, јадете повеќе лосос туна, бразилски оревчиња, кромид и лук и интегрални житарки. Нервозата и стресот треба да ги избегнувате по секоја цена.

Салото на надлактиците открива дали тестестеронот послабо се лачи во вашето тело. За да го санирате тоа, отрудете се почесто да водите љубов, секојдневно да вежбате, доволно да спиете и да не бидете под стрес. Избегнувајте ги слатките работи, но нема потреба да гладувате. Консумирајте повеќе лосос, авокадо и семки од сончоглед.

Масните наслаги на колковите и задникот – Ваквиот вид масни наслаги се многу застапени кај жените ширум светот. Масните наслаги на овие места ќе бидат елиминирани ако вашата исхрана ја базирате на зеленчук, овошје, јогурт и интегрални житарки. Овој проблем се јавува ако нивото на естроген е зголемено. Намалете ја консумацијата на разните лекови за смирување, како и различните видови на кафе, различните сокови и газирани пијалоци, како и алкохолот.