Сите знаете дека правилните облици се клучни за успех и практичност. Истото важи и за сексот: бирањето на вистинските пози носи одлично уживање и гарантира задоволство на највисоко ниво. Женската интима и задоволство во креветот се важни и треба да се подигнат на ниво, а овие девет пози ќе ви го пружат задоволството и ќе ви гарантираат експлозивен оргазам.

1. Г – есперт

Во оваа поза жената лежи со нозете подигнати на рамењата на мажот, што ги затегнува вагиналните мускули и овозможува мажот да има подобар пристап до Г – точката. Покрај тоа, неопходно е жената да ги подигне притоа малку колковите. Што значи тоа? Полесно постигнување оргазам!

2. “Doggy style” (Кучешки стил)

Оваа поза им е позната на сите – за полесно да постигнете оргазам, помогнете си со стимулирање на клиторисот.

3. Свртена каубојка

Вие сте врз него. Веруваме дека оваа поза ви е и тоа како позната. Оваа поза е одлична од причина што на жената и е препуштено да го контролира ритамот и да го усклади онака како што и одговара. Дополнителен бонус е тоа што со оваа поза можете да го одложите постигнувањето на врвот кај партнерот и да уживате се до постигнување на својот оргазам точно онолку колку што сакате!

4. Мисионерска поза

Мислите дека оваа поза е веќе обична”? Тогаш не ја познавате доволно. Променливиот агол во оваа поза е доволен за да се постигне уживање во креветот, кое ќе ја побудали секоја жена. Пробајте, слободно експериментирајте!

5. Подигнати на лактите

Освен тоа што тој има фантастичен поглед на вас во оваа поза, со подигнат задник уште подобро ќе го почувствувате секое негово движење. За поинтензивно чувство, ставете ја едната нога врз неговото рамо. Оргазмот е загарантиран!

6. Каубојка

На многу жени оваа поза им е најомилената, поради леснотијата и можноста за контролирање на ритамот. Меѓутоа, вашиот партнер може да има голема улога овде – со давање поткрепа со своите раце може да ви го намали напорот што го чувствувате во нозете, а тоа полесно ќе ве донесе до врвот.

7. Еден кон друг

Тој седи, со свиткани нозе, потпирајќи се на своите раце и подлактиците. Истото го правите и вие, свртени кон него. Оваа поза дава поголема можност за поврзување, токму поради тоа што сте свртени еден кон друг и се гледате. Секојпат кога ќе ги почувствувате движењата на партнерот, ќе бидете поблиску до постигнување оргазам.

8. На раб на креветот

Ова е совршена поза за стимулација на клиторисот. Тој седи на работ од креветот, а вие сте врз него, свртени со грбот. Вашите раце се слободни, па имате можност и сами да го засилите уживањето. Предлагаме градите да ги приближите повеќе кон колената, а со нозете да се потпрете на креветот.

9. “X фактор

Со ротирање на телото во мисионерска поза, ќе му овозможите на партнерот полесно да се лизне преку вас и тоа на тој начин што карлицата ќе му остане на истото место, само долните екстремитети ќе му се движат. Оваа поза е тотална жешка сензација за оние храбрите и може на жената да и пружи вистинско задоволство.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина