Анаболичките стероди се вештачки произведени супстанци кои дејствуваат на хормонот тестостерон. Научниците веќе со години знаат дека главната употреба на анаболичките стероиди е во формирањето на одредени машки карактеристики, вклучувајќи го и зголемувањето на мускулната маса. Тестостеронот, специфичниот хормон одговорен за формирање на мускулите, по прв пат е изолиран 1935 година. За време на Втората Светска Војна, германските научници први го синтетизирале анаболичкиот стероид. Се смета дека Германците направиле голем број експерименти врз луѓе (првенствено на затвореници), кои вклучувале истражување на дејствувањето на анаболичките стероиди. Резултатите од овие експерименти се засекогаш изгубени бидејќи никогаш не се јавно објавени.

 

Некои личности кои биле членови на војската раскажуваат дека Германците им давале вакви стероиди на своите војници за да ја зголемат нивната агресивност. Дека дури и самиот Хитлер користел стероиди потврдуваат и белешките кои ги водел неговиот доктор, а кои се јавни. Денеска само се претпоставува дека стероидите придонеле за истакнување на неговата агресивна личност.

 

Тестостеронот, како и сите анаболички стероиди, покрај анаболичко, има и андрогено дејство, што значи дека сите анаболички стероиди покрај улогата која ја имаат во изградбата на мускулното ткиво, учествуваат и во производството на машки карактеристики. Па така, ефектите на маскулинизација, кај жените кои употребуваат стероиди, се доста забележителни. Но, со оглед на тоа што се поголем број жени учествуват во екстремни спортови, се поголем број жени користат стероиди.

 

Научниците се потрудиле да го изолираат анаболичкото дејство на тестестеронот, за да направат супстанца која го поттикнува формирањето на мускулно ткиво без ефект на зголемени машки карактеристики, но се покажало дека тоа не е возможно. Анаболичките стероди не можат да учествуваат во оформувањето на мускулите без притоа да влијаат на се друго.

 

Синтетичките анаболички стероиди се произведени со помалку модифицирано влијание на молекулите на тестесторонот. Малите разлики кои се направени со оваа модификација даваат разни типови на анаболички стероиди со малку поразлични резултати. На пример, некои од нив имаат помал ефект врз мажите отколку некои други стероиди.

 

Анаболичките стероиди моѓат да бидат поделени во неколку групи, но постојат две основни-таблети и инекции. Стероидите во облик на таблети (орални стероиди) генерално се повеќе токсични од инекциите, бидејќи поминуваат низ дигестивниот систем и црниот дроб, при што при долготрајна употреба можат да предизвикаат сериозни оштетувања на црниот дроб. Стероидите во облик на инекции се апсорбираат директно во телото преку крвотокот, без поминување низ дигестивниот систем, па на овој начин сте и малку посигурни.

 

За разлика од оралните стероиди кои остануваат во телото само неколку часа, стероидите во облик на инекции имаат влијание неколку дена (од 1 до 3 дена), што значи дека не мора да ги земате секој ден. Некои стероди можат да се идентификуваат во телото дури и по 12 месеци.

 

Кога ќе се најдат во крвотокот, молекулите на стероидите доаѓаат до „рецепторите “во човечкото тело на кои им даваат одредени инструкции. Некои од овие инструкции можат да бидат да да го сочуваат високото ниво на нитроген во организмот, да ја помогнат синтезата на протеините, да ги закрепнат мускулите итн, но можат да имаат и несакани ефекти како што се- опаѓање на косата, зголемено лачење на лојните жлезди, ретенција на вода и слично.

 

Човечкото тело различно реагира на анаболичките стероиди.Со употреба на истите анаболички стероиди, на пример една личност по одреден временски период може да добие и до 6 килограми мускулна маса, додека друга личност да речеме, под истите услови, може да добие само еден килограм.