10 вежби кои гарантираат совршен стомак
Научните истражувања од областа на спортската медицина велат дека слабиот стомак е главната причина за болки во лумбалниот дел од грбот. Ако ја погледнеме статистиката на глобално ниво, ќе видиме дека повеќе од 70% од светската популација има проблеми со долниот дел од грбот, од што може да се заклучи дека сите тие всушност имаат проблем и со слабите мускули во стомачната регија.
Додека го читате ова, размислете колку ваши мили имаат проблеми со болки во долниот дел на грбот. Сигурно ќе се сетите на барем тројца. Важно е да се знае дека јакнењето на стомачните мускули не гарантира решавање на проблемите со болките во лумбалниот дел на грбот, но силниот стомак секако во голема мера ќе помогне во неговото решавање или, што е уште позначајно, ќе делува превентивно.
Овој тренинг е збир од 10 вежби кои трба да се прават во рамките на една супер серија. Не е лесно, но запомнете дека со секој одреден тренинг ќе бидете поблиску до својата конечна цел – убавиот стомак секако вреди за жртвувањето.
Еве ги техниките на вежбање за добивање на убав и цврст стомак.
- Кратки контракции – 20 повторувања
- Спротивно колено – 20 повторувања
- Кратки контракции на нозете под агол од 90° – 20 повторувања
- Дијагонали – 20 повторувања
- Рака на спротивната нога – 10 повторувања
- Ножички на лактите – 30 повторувања
- Странична склопка – 10 повторувања
- Прсти преку колената – 20 повторувања
- Лакт кон спротивното колено – 20 повторувања
- Колена на лактите – 30 повторувања
Наведениот тренинг може да го практикувате секој ден. Паузата меѓу вежбите мора да биде минимална, вежбите за стомак може да ги правите пред или по главниот дел од тренингот, а пред кардио вежбите.