Поголемиот дел од оние кои би сакале да симнат некој килограм, поминуваат низ долготрајна продготвителна фаза пред да започнат да се борат со масните наслаги. Сепак, понекогаш е потребно да замениме само неколку работи, за малку по малку да дојде до видливи резултати.

slabeenje_naslovna

Во продолжение е листа од 24 работи кои би требало да ги примениме во својот живот за ефикасно да се избориме со масните наслаги. Тоа што треба да го направите е :

 1. Јадете шест помали оброци во текот на денот.

2. Трчајте 10 пати спринт на100 метри и на тој начин согорете и до 500 калории.

3 Почекајте 20 минути пред да започнете со вториот спринт.

4. Облечете блузон (дуксер) за време на вежбање. Кога мускулите се загреани, се согоруваат повеќе калории.

5. Користете помали чинии за вечерата. Важно е да ја ограничите количината на внесување храна во текот на доцните вечерни часови.

6.Користете сини чинии за сервирање на вечерата. Научните истражувања покажаа дека оваа боја има ефект врз намалување на апетитот, спротивно на жолтата и црвената боја кои го поттикнуваат апетитот.

7.Мајонезот и павлаката заменете ги со немасен јогурт и на тој начин намалете уште 700 калории.

8.Јадат кикирики со лушпа, проверено е дека на овој начин ќе изедете 50 проценти помалку кикирики.

9.Земете гума за џвакање без шеќер после јадење. Ментолот кој во нив се содржи, му дава сигнал на мозокот дека е време за завршување на оброкот.

10. Јадете ф`стаци наместо други грицки како меѓуоброк.

11.  Започнете да вежбате јога, бидејќи можете да согорите и до 344 калории за еден час.

12.  Обидете се да постите барем еден ден во неделата . Тоа ќе му помогне на телото да го задржи високото ниво на адреналин и шеќер во крвта.

13. Заменете го пецивото и сокот кои ги конузмирате наутро, со овесни снегулки и јајца.

14.  Најдете си партнер за вежбање. Оние кои вежбаат во друштво,  имаат 34 проценти поголеми шанси дека нема да го пропуштат тренингот.

15 Јадете на трпезариската маса, а не на каучот.

16.Пијте повеќе вода. Дехидратацијата може да испрати лажни сигнали до мозокот дека сте гладни.

17. Посетете  го базенот и пливајте.

18. Направете фотографија од себе пред да почнете со вежбање. Ова ќе ви помогне да останете мотивирани и ќе ви помогне да го следите својот напредок.

19. Одете на работа со велосипед. Потрошувачката на калории е доста голема- точно 500 калории на час.

20. Пијте чај. Овој напиток е полн со антиоксиданси,  кои го топат салото.

21. Програмот за вежбање сменете го со нов по шест недели , така организмот би останал шокиран.

22. Исчистете ја кујната. Важно е да ја расчистите храната која може да се јаде “по пат ” и ” на поминување “.

23.Заменете го млечното чоколадо со темно. Темното чоколадо содржи помалку шеќер и повеќе антиоксиданси кои ја зголемуваат енергијата.

24. Џвакајте полека. Истражувањата покажуваат дека на овој начин ќе внесете помалку храна.