Како да препознаете лош тренер?
Доколку и самите не сте тренер или имате поголемо искуство во фитнесот и тренирањето, може да ви биде тешко да разликувате добар од едноставно ужасен тренер. Но, затоа сме ние тука да помогнеме. Еве ги топ 5-те знаци на кои треба да обрнете внимание кога ангажирате личен тренер. Доколку вашиот тренер прави некоја од овие работи-или, не дај Боже, сите од нив – вашето време и пари потрошете ги на некое друго место.
1.Тој не запишува белешки
Голем дел од работата на тренерот се состои во тоа тој да определи програма која ќе ви помогне да ги постигнете вашите цели. Но, едно е сигурно : доколку тој не запишува податоци, не може да знае снимање да каже дали програмата функционира или не. И тука не се мисли само на тоа да брои колку повторувања сте направиле во која серија. Добриот тренер постојано ги запишува сите информации -вежби, тежини, серии, повторувања, темпо -и ги употребува за да процени што енајдобро за вас.
На пример, на повеќето луѓе им одговара комбинација од големи, средни и мали тежини, и комбинација на малку повторувања, умерени повторувања, како и многу повторувања. Оваа комбинација помага во градењето на сила, мускули и издржливост. Меѓутоа, иако ова е добар водич за повеќето луѓе, не претставува цврсто правило. Можеби би имале подобри резултати со прилагодена програма со полесни тегови за почеток или повеќе или помалку волумен. Но, единствено тренерот може да го знае ова доколку редовно го следи вашиот напредок.
2.Треба да изгледа во согласност со професијата
Во фитнес индустријата, изгледот е многу важен. Секако, тоа не значи дека изразени стомачни мускули како за во реклама или големина како бодибилдерите кои ги гледаме на ТВ се предуслов за оваа работа. Но, вашиот тренер треба да изгледа здраво, со фигура која сугерира некое ниво на мајсторство во избраната област.
И додека сме кај ова, погледнете ја неговата облека. Иако работното место на тренерот е поврзано со потење, тој сепак треба да изгледа пристојно и професионално додека е на работа. Тоа значи чисти патики, шорцеви или лесни панталони, и секако чиста маица. Без фармерки, искинати кошули, неуредни чевли… Впрочем, тоа не е само уште еден тренинг за вашиот тренер, тоа е неговата кариера.
3. Тој зборува. И тоа многу.
Секој посакува пријателски расположен тренер кој прави да се чувствувате удобно. Но запомнете: Вие сте ја ангажирале оваа личност за да ви овозможи безбеден и ефикасен тренинг- а не а не да го коментира новиот видео спот на Мајли Сајрус.
Зборлестиот тренер всушност може да го попречи вашиот тренинг. Истражувањата покажаа дека кога умот е зафатен со размислување за други работи, тоа не ги има сите ресурси што му се потребни за да испрати пораки до вашите мускули. Резултатот: Вашиот тренинг е попречен, а вие напразно ги трошите вашите пари.
4. Тој ја сака изреката “Трпете болка за мускули”.
Тренерот треба да ви помогне да постигнете повеќе отколку што би можеле сами. Тој безбедно би требало да ве турне надвор од вашата удобна зона, предизвикувајќи ги вашите мускули на нови и ефикасни начини.
Но, доколку вашиот тренер ве тера да го дадете вашиот маскимум до исцрпеност на секој тренинг, бидете претпазливи. Овој вид на тренинг не е само неефикасен, туку е и опасен. Наместо да напредувате, ќе колабирате од исцрпеност. Болката е начин на кој вашето тело ви кажува кога да престанете. Одредено ниво на вложување максимални напори е во ред, бидејќи тоа значи дека го буткате вашето тело кон тестирање на нови територии. Но, не мора да се измачувате до смрт за да бидете фит.
5.Тој не евалуира и проценува
Еден добар тренер го третира вашето тело како машина. Пред да започнете со вежбање, тој врши евалуација и го мери вашиот телесен состав, и прави проценка на предностите, слабостите и неправилностите на секое тело. Овие параметри му даваат престава за вашето фитнес ниво, и му ги обезбедуваат неопходните детали за да подготви индивидуализирана програма наменета само за вас. На секои 4 до 8 недели, тој повторно ќе ве евалуира, за да се осигура дека напредувате, а не стоите во место или се уназадувате. Со други зборови, тој го одржува вашето тело во функција како добро подмачкана машина.
Од друга страна, лош тренер ќе ви ги поддаде тегови и насмевка, и ќе постави прашања подоцна. Доколку вашето тело започнало да функционира како добро подмачкана машина, големи се шансите дека нема да остане во оваа состојба долго. Еден совет: најдете си нов тренер!




