Седечко или стоечко подигнување – Што е поефикасно?
Листовите спаѓаат меѓу мускулните групи кои секогаш биле и останале во сенка на видливите и атрактивни мускулни групи како што се бицепсите, градите или стомачните “плочки “. Сепак, доколку со години ги вежбате само популарните делови од телото , што и не е толку редок случај, може да се создаде брутална непропорционалност на телото и разлики во однос на степенот на развиеност на мускулите и порано или подоцна ќе дојде време за обиди за поправувањена грешката.
Ова најчесто се однесува на нозете, особено листовите, чија неразвиеност може да создаде смешно слика на личноста која има атлетски развиен горен дел од телото, додека во комбинација со тенките нозе во голема мера во очите на набљудувачот потсетува на некој лик од цртаните филмови.
За да не бидете едни од овие луѓе, веднаш уште при првата посета на фитнес салата преминете на акција ! Прашањето кое се поставува само по себе е – на кои вежби да се фокусирате , со цел да ја постигнете посакуваната големина на листовите.
Она што пред се треба да се знае е дека листот не се состои од само еден мускул, туку постојат два – gastrocnemius и soleus . Исто така, постојат и две вежби за оваа мускулна група, а и двете вежби се базирани на основа на подигање на прстите, само што една се изведува стоечки, со оптоварувањето врз рамениците, додека другата се изведува во седечка положба, со оптоварувањето поставено малку над колената.
Прва вежба – стоечко подигнување за листови, се прави така што тежинското оптоварување се наслонува врз рамената, клучниот елемент за постигнување на точноста на изведување на оваа вежба е цврстината и неподвижноста на колената. Застанете на топките зад ножните прсти, и на почетокот спуштете ги петите толку ниско додека не почувствувате длабоко истегнување, па после тоа следи подигнување до максималната точка и дури тогаш кога ќе се достигне полниот врв, првото повторување е завршено.
Оваа вежба е во суштина осмислена да дејствува врз gastrocnemius – мускулот кој се наоѓа на надворешната страна од листот и му дава облик на срце. Како што веќе споменавме, главната проблематика во оваа вежба е дека колената мора во секој момент да се држат цврсто, без виткање под било какво оптоварување, како и фактот дека во желбата за што поголемо оптоварување на листовите, вежбачите често прават грешки во изведувањето на вежбата, и, следствено на тоа, резултатите изостануваат .. Заклучокот е дека оваа вежба со развиен gastrocnemius ќе резултира со поголема дебелина гледано од страна и зголемување на ширината гледано од позади или напред.
Втора вежба – седечко подигнување на листови, е таква вежба, при што под агол од 90 степени затворен со колената, првенствено се влијае на вториот мускул на листот – soleus . Овој мускул се наоѓа воглавно во внатрешноста зад gastrocnemius и се протега со целата негова должина се до Ахиловата тетива . За изведување на оваа вежба потребно е да се седне на справата за седечко подигнување на листовите ( или да се стави шипка со тегови врз нозете), и полека да се спушта тежината до целосна екстензија. Да се застане накратко за да се спречи треперење и работа на бутниот мускул, па потоа да се подигне тежината до максималната точка и целосна контракција и да се стегнат мускулите за завреток на повторувањето.
Со развивањето на soleus-от со оваа, единствена вежба наменета за овој мускул, листовите ќе добијат на ширина бидејќи gastrocnemius-ите ќе добијат поддршка и одвнатре и ќе изгледаат многу пошироки. Заради сево ова, иако на многумина и не им е јасен овој факт, soleus-от е подеднакво важен за постигнување на големина на листот и за неговиот добар изглед, иако тоа не може да се види однадвор. Како што е случајот и со првата вежба, и седечкото подигнување е вежба при која лесно може да се направи грешка при изведувањето, а особено кога ќе се стави преголемо отоварување . Покрај тоа, препорачливо е да се вежба со помали тежини, но со голем број на повторувања со цел максимален напредок и намалување на можноста за добивање на повреди.
Да заклучиме: одговорот на прашањето која вежба е поефикасна за постигнување големи листови е краток – и двете! Ние објаснивме дека секоја од нив влијае на посебен дел од листот, односно на посебен мускул, така што за целосен успех и најголем напредок треба да се прават и едната и другата вежба.