Сите сме различни – високи, ниски, дебели, слаби и така натаму. Но, заради што сме онакви какви што сме? Тоа е прашање на кое не е ни малку лесно да се одговори. Колку лесно се дебелеете и слабеете, дали лесно ја регулирате телесната тежина, имате ли проблеми со скриен шеќер, зависи од бројни фактори, од кои еден дел се тоа како се храните и дали редовно се занимавате со некоја физичка активност (тоа се фактори на кои можете да влијаете), потоа секако од генетиката и каква градба имате (фактори на кои не можете да влијаете).

Физичките особини кои ги наследуваме од нашите родители играат голема улога во тоа каква градба ќе имаме, па така и висина и тежина. Интересно е да се спомене дека подебелите луѓе во суштина имаат таков метаболизам на кој му треба многу помалку енергија од храната, отколку на послабите. Иако до одредена мера сите можеме да го контролираме својот метаболизам, никогаш не е можно во потполност да ја победиме природата.

Телесна градба

Сигурно до сега многупати сте слушнале дека некоја личност има посилна телесна градба, односно дека има големи или тешки коски. Во суштина се работи за личности кои имаат голема или силна коскена маса, а тоа често подразбира и поголема телесна тежина во однос на оние личности со послаба и понежна коскена маса. Заради тоа, некои личности со иста висина и тежина не изгледаат подеднакво дебело (или слабо).

Се е предодредено

Според одредени теории, секоја личност со самото раѓање има предодредено колку количество на масти ќе има во нејзиниот организам. На кој начин организмот ја контролира количината на складираните масти, сеуште не е до крај разјаснето, но веројатно е тесно поврзано со хипоталамусот кој се наоѓа во мозокот, бидејќи се претпоставува дека токму тука е местото за регулација на маснотиите во организмот. Всушност, хипоталамусот го надгледува и следи нивото на маснотии во организмот, а задачата му е да го регулира нивното ниво, па според тоа и регулацијата на апетитот со физичка активност, па секако потрошувањето и складирањето на масни залихи.

tezina_1

Возраст и стил на живот

На секои 10 години нашиот метаболизам се забавува за 10 отсто, почнувајќи од 25-тата година на животот. Иако можеби ова забавување може да биде поврзано со тоа како старееме, забавувањето на организмот може да биде поврзано и со промената на начинот на живот. Младите личности често се многу физизчко поактивни отколку повозрасните, што ја менува и големината на мускулната маса. Всушност, мускулите се активно ткиво кое се развива, расте, троши и обновува, за што е потребна и енергија. Масното ткиво не е активно ткиво, тоа е само складиште кое почнува да се празни со зголемена физика активност и намалено внесување на калории. Со редовна физичка активност со која се зголемува и мускулната маса и со правилна исхрана, ќе се намалуваат и залихите на маснотии.

Исхрана

Самата култура на исхраната, па така и личните навики на секој човек во голем дел ја одредуваат и тежината на таа личност. Најголемо е влијанието на семејството, односно начинот на подготвувањето на храната, па така и очекуваната количина на конузмација на таа храна. Секако, доколку семејството има навика да конзумира помрсна храна, полна со заситени масти, шеќери и слично, па голема е и можноста да овие поединци имаат поголема тежина.Тука влијаат и количината и составот на меѓуоброците, што и колку се јаде за посебни прилики, како и тоа колку брзо се јаде.Оние кои побрзо јадат, многу често јадат поголеми количини отколку оние кои јадат бавно. Во принцип, ако во својата исхрана ја намалите за 500 калории дневно, ќе изгубите од половина до килограм дневно, што значи дека со правилна исхрана и вежбање, можете да изгубите и до 12 килограми годишно, што е еден од начините за здраво и рамномерно слабеење.

Физичка активност

Ова е една од компонентите кои секој човек може да ги контролира. Самата личност може да одбере колку ќе биде физички активна и со што ќе се занимава. Имајте на ум дека вежбањето ја гради мускулната маса и ги согорува масните залихи. Личностите кои имаат поголема мускулна маса се повитки, нивното тело е поцврсто, поагилно, поотпорно, што е дефинитивно причина повеќе за редовна физичка активност.

Хормони

Хормоналните неправилности можат многу да влијаат на претераното зголемување или намалување на телесната маса. На врвот на овој список се дефинитивно пореметувањата на штитната жлезда. Исто така, проблеми со тежината можат да предзивикаат и полицистичните јајници, туморите на хипофизата и надбубрежната жлезда, недоволното производство на полови хормони итн. Ниеден од овие пореметувања и болести не смее да се занемари, бидејчи тие можат да предизвикаат и бројни други проблеми и хронични болести, кои се директно или индиректно поврзани со дебелината.