Скокањето со јаже е активност во која уживавме уште во детството. Тогаш го правевме тоа од забава, не ни ја сметавме за некоја посебна физичка активност. Но, нештата се променија со текот на годините. Ако сакате да останете во форма, а имате потешкотии да пронајдете вежби кои би биле интересни за вас, тогаш треба да се обидете со скокање со јаже. Забавно е, достапно им е на сите, и прилично е евтина опремата која ви е потребна (ви треба само јаже). Јаже кое ви одговара може да пронајдете во речиси сите продавници кои нудат спортска опрема.

 

skokanje so jaze2

Еве неколку причини зошто е добро скокањето со јаже и како тоа влијае на вашето здравје

Одлична кардио-вежба

Ова е одлична кардио вежба бидејќи го активира цело тело, ја зголемува циркулацијата на крвта и согорува калории. За оваа вежба  секако не ви е потребна никаква комплицирана опрема.

Може да се изведува било каде

Јажето е единствена опрема која ви е потребна за изведувањето на оваа вежба, а толку е практична што можете да вежбате каде сакате. Единствено ви е потребен доволно голем простор за да вртите со јажето, без разлика дали се работи за затворен или отворен простор. Само внимавајте, доколку вежбате на тврда подлога, треба да носите одговорачка облека за да може да го амортизирате скокот. Во спротивно, може да дојде до повреда на коленото.

Не зависите од временските услови

Доколку практикувате трчање или вежбање во природа, вашите планови може да ги расипе дождот или студеното време. Скокањето со јаже можете да го правите и во овие временски улови, се разбира , во затворен простор. Со ова, немате грижи дали временските услови ќе ги расипат вашите планови за вежбање.

Го активира цело тело

Малубројни се вежбите каде се активира цело тело. Со скокањето со јаже, се активира горниот дел на телото. Срцевата активност е правилна и забрзана како што и треба да биде за време на вежбање, а стомачните мускули и мускулите на нозете се активирани во изведувањето на секој скок.

Не е потребен претходен тренинг

Ако можете да скокате во воздух, тогаш можете да скокате и со јаже. Ова веројатно е најдобрата карактеристика на оваа вежба. Не ви е потребен партнер, ниту дополнителна опрема. Само вие, јажето и желбата да го одржите вашето тело во добра форма. Пробајте ја оваа вежба и видете како ви одговара и како влијае на вашата физичка форма. Голема е шансата дека ќе уживате во нејзе и ќе ви биде исто толку забавна, како и во детството.