Се вели дека најдобар начин да се добие убав задник,треба да се прават чучњеви, и тоа е вистина.Ќе ви откриеме некои корисни совети за тоа како да ги изведете правилно.Постојат 3 основни чекори во изведувањето на клекнувањата: почетната положба,клекнувањето и како да се застане.

1.Првото нешто што треба да го знаете при изведувањата на клекнувањата е почетната позиција.Ако сакате да ги направите точно според книга, имајте ги на ум овие совети:

  • Стојте исправени
  • Држете ги нозете малку пошироко од ширината на вашите колкови
  • Исправете ги вашите стапала
  • Држете го грбот исправен а градниот кош ви биде исполнет
  • Ставете ги рацете заедно, на ниво на градниот кош,пред вас.

 

pravilno cucnjev11

Разлика помеѓу предни и задни чучњеви

 

   

2.Следно што треба да го направите е да клекнете надолу и да бидете внимателни во исполнувањето на овие    чекори:

  •  Притиснете ги вашите стомачни кога одите надолу
  •  Замислете си дека седите на стол
  •  Како што клекнувате надолу главата треба да ви биде исправена
  •  Не ги собирајте колената навнатре,тие треба да се движат во права линија со прстите
  •  Колената не треба да бидат преку прстите
  1.  Последниот чекор во правилното изведување на клекнувањатае да застанете на стартната позиција.За да се случи тоа,потребно е:
  • Притиснете ги мускулите во задниот дел од нозете, за да се кренете назад
  • Задржете го вашиот поглед горе.

 

pravilno cucnjev1

Позиција на телото

pravilno cucnjev2

Мускули кои највеќе работат при изведување на чучњеви

Совет:

Ако сакате да работите повеќе на вежбање на вашиот задник,отколку на бедрата,само задржете ги вашите прсти паралелно и задржете го вашиот поглед напред.Ако сакате правилно да ги изведувате клекнувањата, не треба само да работите на задниот дел туку и на својата основа и на бедрата.Клекнувањата се одлични, не само за спортистите или тркачите, добри се и ако сакате да ги затегнете вашите нозе.И , се разбира доклку сакате да го размрдате вашето тело,клекнувањата се најдобриот начин за тоа.

Ја почитува здравата исхрана,посебно овошјето и зеленчукот,љубител на животни,верува во љубов,омилено место за живеење Париз