Кајсиите, освен што го јакнат организмот, ги чуваат и очите и придонесуваат за здравјето на коските, па затоа максимално потрудете се да ја искористите сезоната на зреење на ова скапоцено овошје.

Се смета дека кајсиите потекнуваат од Кина, а познато е дека Европејците користеле свежи кајсии во исхраната пред повеќе од 2000 години, кога и стигнале до медитеранските земји.

Лековити својства

Една свежа кајсија изобилува со витамините А, Ц и Б и разни минерали. Ако се прашувате дали тие дебелеат, одговорот е НЕ, па токму затоа посебно им се препорачуваат на оние кои сакаат да ослабнат. Помагаат и во лекувањето на разни инфекции, спречуваат срцеви заболувања, ги обновуваат оштетените ткива, го намалуваат нивото на лошиот холестерол и го поттикнуваат развојот на забите и коските.
Здравствените предности на ова овошје ја вклучуваат и способноста да го регулираат варењето, запекот, болка во учите, грип, кожни заболувања, анемија, па дури и канцер. Свежата кајсија изобилува со каротеноиди и ксантофили, нутритиенти кои го штитат видот, спречуваат макуларна дегенерација и слабеење на очните мускули во староста. Кајсиите содржат и висок процент на влакна кои делуваат многу ефикасно на системот на органите за варење и спречуваат опстипација. Тие исто така го јакнат имунолошкиот систем, го намалуваат нивото на лошиот холестерол, го превенираат слабеењето на видот, ја регулираат телесната тежина, ги јакнат коските и го оддржуваат балансот на електролитите во организмот.

Калории во 100 грама свежи кајсии

  • 40 калории
  • 2 грама скапоцени влакна
  • 17 милиграми калциум
  • 9,5 грама јагленохидрати
  • 250 милиграми калиум
  • 12 милиграми магнезиум
  • 0,5 милиграми железо
  • 7 милиграми Ц витамин
  • 27 микрограми провитамин А

    Иста количина суви кајсии содржат 234 калории (речиси шест пати повеќе).

 

Ги јакнат коските

 

За оддржување на здрави коски потребни се бројни минерали, како калциум, фосфор, манган, бакар и железо, а токму кајсијата ги содржи во значителни количини. Затоа, жените кои имаат влезено во менопауза треба што почесто да го консумираат ова овошје, со оглед на тоа што се пребогати со калциум, со цел да спречат да дојде до остеопороза.
Покрај тоа, и фосфорот ги јакне коските, а во комбинација со манганот се олеснува апсорпцијата на калциумот.
Кајсиите им се препорачуваат и на оние кои патат од анемија, поради содржината на железо и бакар во себе. Бакарот е познат по тоа што помага во процесот на формирање на хемоглобинот, кој го пренесува и го врзува кислородот во крвта.

 

Ја поттикнува плодноста

 

Во кинеската традиционална медицина, плодот од кајсијата се сметал за благотворно овошје кое ја поттикнува плодноста. Тоа го има потврдено и студијата објавена во 2010 година во специјализираното списание “Environmental Health Perspectives”. Во него е објавено дека намирниците кои содржат скапоцени антиоксиданси, а меѓу кои спаѓаат и кајсиите, ја поттикнуваат подвижноста на сперматозоидите.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина