Доколку сакате да го зачувате здравјето – јадете кајсии. Тие содржат 10 пати повеќе магнезиум од другото овошје. Кајсијата е одличен избор за меѓуоброк ако патите од запек, болни коски, сува кожа или ако сте само на диета.

 

Извор на витамин А

 

Кајсиите се преполни со овој витамин, кој е уште попознат како ретинол. Освен што го чува здравјето на очите, помага и во оддржување на здрав имунолошки систем и така го чува здравјето на кожата.

 

Полни се со влакна

 

Било да ги јадете свежи или суви, кајсиите се одличен извор на влакна. Ретинолот во нив е топпив во масти и брзо се разгрдаува во организмот, а важните нутритиенти лесно се апсорбираат. Влакната ги разградуваат масните киселини и на тој начин се грижат за здравјето на дигестијата.

 

Добри се за здравјето на срцето

 

Со оглед на тоа што ова овошје е полно со влакна, помага во намалувањето на холестеролот, што значи дека го штити срцето. Калиумот во кајсиите го оддржува здраво нивото на електролитите и на тој начин помага во работата на срцевите мускули.

 

Изобилство на антиоксиданси

 

Кајсиите се совршен извор на антиоксиданси. Ако ги јадете секојдневно, ќе се ослободите од токсините кои се натрупале во текот на денот.

 

Го чуваат здравјето на кожата

 

Комбинацијата од витамините Ц, А и фитонутритиентите од кајсиите гарантираат совршено здрава кожа. Антиоксидансите во нив, пак, го забавуваат старењето.

 

 

 

Помагаат при слабеење

 

Диеталните влакна од ова овошје ја подобруваат дигестијата и со тоа ја поттикнуваат работата на метаболизмот. Ако сте на диета, кајсијата е одличен избор за меѓуоброк – дава ситост, а нема многу калории.

 

Ги јакнат коските

 

Калцоумот е потребен за да можат коските да се развиваат и да останат здрави, а кајсијата го има него во големи количини. Добро е да се знае дека без доволно калиум, калциумот не се апсорбира добро во организмот, а добрата вест е дека кајсиите ги има во големи количини.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина