Нарушувањето на работата на жлездите ќе влијае врз поголемото или помалото лачење на хормонот, па така и на естрогенот. Недостигот или вишокот на естроген ќе има големо влијание на целокупниот организам. Во многу случаи не сме ни свесни дека јадеме естроген од храната, што кај некои луѓе може да предизвика неочекувани проблеми.

 

Естроген во храната: зошто е важен?

 

Кај жените естрогенот се произведува во најголем дел во фоликулите на јајчниците, постелката и јајчниците. Друг полов хормон кај жените е прогестеронот. Естрогенот се наоѓа и во организмот на мажите, но во многу помала мерка. Овој хормон е многу важен кај жените, бидејќи влијае на редовниот менструален циклус, одговорен е за растењето на влакната и градите и го држи холестеролот под контрола. Главна улога има за време на пубертетот, но продолжува да ја исполнува својата улога и откако ќе заврши пубертетот.

 

Ниското ниво на естроген ќе влијае на: намалување на менструацијата, проблеми со неправилен менструален циклус, валунзи во менопаузата – промена на температурата, ниско либидо, промени на расположението, сува кожа и несоница. Високото ниво на естроген ќе создаде проблеми во менструалниот циклус, засилување на симптомите на предменструален синдром, циста на јајчниците, цисти на дојките или матката и влијае на развојот на рак на дојките.

5 намирници со високо ниво на естроген

 

Суво овошје

 

Сувото овошје, посебно кајсиите и сливите, можат да помогнат во балансирање на нивото на естроген. Тоа е исто така здрав меѓуоброк поради кој ќе се држите подалеку од слаткото, а покрај тоа ќе ги добиете потребните влакна. Овие сушени плодови содржат фитоестрогени, кои ќе помогнат да се потполнат сите недостатоци кои ги имате во организмот. Ефектот од тоа ќе биде како телото само да создало дополнителен естроген.

 

Ленено семе

 

Лененото семе е одличен начин за да му помогнете на телото да имате повеќе естроген. Тие имаат висок уддел на влакна, поради што ќе се чувствувате полни за и по време на оброкот. Тие исто така ќе помогнат во регулирањето на дигестивниот систем. Се препорачуваат во ситуации кога сакате да ги загубите вишокот килограми, бидејќи можат да помогнат во намалувањето на холестеролот. Одличен извор се на омега-3 масни киселини, кои ќе ги чуваат крвните садови и ќе ја намалат можноста за срцев и мозочен удар.

 

Грашок

 

Грашокот е одличен прилог за главното јадење ако скаате да го зголемите нивото на естрогенот. Тој е еден од познатите извори на фитоестроген, но во него се наоѓаат и други ефикасни материи. Содржат минерали како што се магнезиум, железо и калиум, дури и некои протеини. Грашокот е полн со влакна и е изненадувачки извор на витамин Ц. Тоа значи дека со консумирањето грашок ќе го подобрите имунолошкиот систем и нивото на естроген.

 

Соини никулци

 

Една од одличните намирници кои содржат естроген се никулците, посебно сојата. Тие ќе го подобрат нивото на хормоните, бидејќи содржат фитонутриенти, а природно се ниски во калории и јагленохидрати. Поради тоа се одлична основа за здрава и лесна исхрана.

 

Тофу

 

Тофуто е многу добар начин за да му помогнете на телото да го избалансира нивото на естрогенот. Во него има изофлавон, кој делува на рецепторите на естроген во телото. Тофуто има високо ниво на белковини и железо, поради што со години се користи во веганската и вегетаријанската исхрана како замена за месото. Во многу случаи кога месото ќе се замени со тофу се внесуваат помалку масти и холестеролот во телото, па така може да се одбегнат лошите последици кои ги предизвикува месото.

 

Освен наведените, со цел да се зголеми нивото на естроген во храната и во телото, можат да се користат и следниве намирници: сусам, праски, јагоди, производи од соја (млеко од соја, јогурт од соја), брокула, грав, пистации, ореви, кикиритки, црно вино, лук и интегрален леб.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина