Состојки:

 

  • 250 гр. орекјети (свежа тестенина)
  • 500 гр. брокула
  • 2 чешниња лук
  • 3 лажици маслиново масло
  • рендан пармезан

  • сол

  • црн пипер

 

Подготовка:

 

Брокулата се мие и се делат цветовите. Потоа се става да се вари во посолена вода заедно со тестенините. Се процедуваат, а дел од течноста се остава на страна. На маслиново масло посебно се пропржуваат чешнињата лук и му се додаваат сварените брокула и тестенини и тие малку се пропржуваат. По потреба, се додава од течноста во која се вареле. Се служи веднаш, со ренданиот пармезан.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина