Гинсенгот (лат. Panax) е името на родот под кој припаѓаат единаесет видови лековити растенија. Тоа е една од најстарите, најмногу проучувани и најмногу употребувани растенија во светот. Иако во Европа најпознат е кинескиот гинсенг, видовите на овој род растат во Кореја, Виетнам, Сибир и во САД, а во човековата исхрана и лекување се користат веќе 5.000 години.

 

Најпопуларни се три видови гинсенг – азискиот гинсенг или т.н. ѓаволска грмушка (лат. Panax ginseng), американскиот (лат. Panax quinquefolius) и сибирскиот гинсенг (лат. Panax senticocus – eleutero). Поради стимулативното делување врз организмот, коренот гинсенг од дамнина се употребува во концентриран облик како лековито средство или во разреден облик како мешавина за чај.

 

Поради неверојатните својства, Кинезите ова растение го сметаат за чудотворен исцелувачки лек. Се користи за лекување на разновидни болести и тегоби, а упатените веруваат дека неговие лековити својства секогаш си го наоѓаат патот до болното место во организмот.

 

 

Додаток во исхраната

 

 

Како додаток во исханата се користи ширум светот, бидејќи се има покажано дека:

 

  • ја поттикнува менталната и физичката сила и способност,
  • ги регулира циркулацијата и крвниот притисок,
  • помага кај анемија,
  • спречува хипогликемија, односно намалување на шеќерот во крвта,
  • ги отстранува пречките во работењето на органите за варење,
  • помага кај воспалителни болести на зглобовите,
  • лекува импотенција.

 

 

Колку постар, толку подобро

 

Делувајќи врз жлездите со внатрешно лачење, помага витамините и минералите да се искористта целосно во оранизмот. Оваа активност на гинсенгот е исклучително важна, бидејќи без витамини и минерали не може да се преработат шеќерите, белковините и мастите и да се претворат во енергија и во неопходните градбени состојки.

 

Колку е коренот на гинсенгот постар, толку неговото делување е посилно. Тој се препорачува на сите, без оглед на староста и полот, па не случајно Кинезите го нарекуваат ,,корен на животот,,.

 

 

Корист за спортистите

 

Јапонските истражувачи утврдиле дека со земање на сибирскиот гинсенг значително се подобриле резултатите кај велосипедистите – за дури 23% во однос на спортистите кои не земаат гинсенг.

 

Клиничките испитувања покажале дека ова растение ја засилува мозочната активност, односно лачењето на адреналин и дека го одложува психофизичкиот замор. За време на тренинзите и натпреварувањата го штеди нивото на шеќерот во крвта и на тој начин го потикнува поинтензивно искористувањето на масните киселини во процесот на создавање енергија за работата на мускулите.

 

Ја засилува исто така и функцијата на белите дробови со тоа што ја зголемува концентрацијата на кислород во ткивата и го контролира создавањето на млечна киселина. На тој начин се штедат мускулите, па змаорот доаѓа подоцна и истиот е помалку изразен, поради што и закрепнувањето е побрзо.

 

 

Прашок, капсули, тинктура

 

 

На гинсенго за да созрее од семе до развиено растение му се потребни од пет до седум години, кога го добива и слаткиот ароматиченмирис. На едно стебленце се развиваат неколку листови, со зеленкасто – бели цветови, кои подоцна даваат гроздести плодови со светлоцрвени бобинки.

 

Како лековита мешавина најмногу се користи неговиот корен. Најдобар е за употреба по четири до осум години од садењето. Коренот му се вади во есенм се супи, се ситни и се подготвува во облик на капсули, течен екстракт, тинктура…

 

Можат да се користат и листовите на гинсенгот, иако најчесто се продаваат екстракти од исушениот корен. Препорачаната доза гинсенг е 2 чајни лажички тинктура, 3 пати дневно, а во облик на прав 2 – 4 грама дневно.

 

Не се препорачува да се зема гинсенг при лактација и бременост. Исто така, доколку посоти висок крвен притисок, потребна е претходна консултација со доктор во врска со земањето гинсенг.

 

Препаратите од гинсенг се земаат секогаш на празен стомак, со многу течности, бидејќи тогаш се најефикасни.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина