Храната богата со влакна која го олеснува варењето, брзите и интензивни стомачни вежби, што е можно повеќе консумирање на протеини (млеко и јајца) се рецепт за рамен и привлечен стомак.

Мали промени за рамен стомак

Ако се чувствувате тешко и стомакот ви изгледа надуено, вистинско време е да го израмните стомакот, со усвојување на неколку мали трикови и нови прехрамбени навики. Седнете, бавно и полека џвакајте ја храната со затворена уста, избегнувајте ги соковите и газираните пијалоци кои ги дразнат цревата и намалете го внесувањето на сол во организмот, бидејчи солта предизвикува и задржување на водата и подуеност на стомакот.

Масло од кокос за виток струк

Едно истражување спроведено од страна на бразилски лекари открило дека жените кои за време на диетата секојдневно вежбале половина час, ги елимирале од својата исхрана заситените масти и земале 30 мл масо од кокос, изгубиле повеќе сентиметри во струкот отколку оние жени кои биле на ригорозни диети. Кокосовото масло е заслужно за тој ефект бидејќи го поттикнува варењето и го елиминира вишокот на вода од организмот и го забрзува метаболизмот.

stomak_1

Брзи стомачни вежби за формирање на мускулите

Стомакот секогаш подобро изгледа доколку е затегнат, а тоа единствено може да се постигне со вежбање, и тоа првенствено стомачни вежби. Иако е добро да правите било какви стомачни вежби, забрзувањето на темпото ги активира мускулите повеќе. Тоа значи дека е подобро да направите помал број стомачни вежби но со побрзо темпо, отколку да правите поголем број на стомачни вежби, но со побавно темпо. Затоа за да се постигнат плочки на стомакот важи правилото „помалку е повеќе, но само ако е брзо” – откриваат фитнес тренерите.

Јадете боровинки

Боровинките се идеален сојузник на рамниот стомак, утврдило едно истражување спроведено на Универзитетот во Мичиген. Боровинките можат да се јадат свежи или замрзнати, а најдобра е нивна комбинација со јогурт. Боровинките се богати со антиоксиданси кои го забрзуваат согорувањето на калориите, го забрзуваат протокот на крвта и го спречуваат таложењето на мастите, особено во пределот на стомакот.

Две јајца за појадок и рамен стомак за вечера

Две варени јајца се идеален појадок од нутриционистички аспект, бидејќи му ги пружаат потребните хранливи вредности на организмот, а што е најважно пружаат чувство на ситост и не го надувуваат стомакот. Исто така, протеините кои се содржат во јајцата не предизвикуваат складирање на масните наслаги, па добро е да ги јадете доколку вашата цел е намалување на обемот на струкот.

Повеќе смејте се доколку сакате рамен стомак

Депресијата и стресот се причини кои се тесно поврзани со складирањето на масните наслаги во пределот на стомакот, бидејќи ги попречуваат прехрамбените навики и редовната исхрана. Заради тоа доаѓа до нагло опаѓање на шеќерот во крвта, и потоа прејадување кое го предизвикува таложењето на сало околу струкот. Овие типови на масти најтешко исчезнуваат, па наместо да се грижите и да сте постојано изложени на стрес, поканете ги вашите пријатели на дружење и дозволете се себеси добра доза на смеење, коешто освен што ќе ве расположи и ќе ви го врати оптимизмот, ќе ви ги зајакне и стомачните мускули.