Витаминот Б12 (цијанокобаламин) е витамин од групата Б витамини, кој е неопходен за здраво функционирање на нервниот систем, за правилно формирање на крвните зрнца и за подобро производство на енергија, подобра работа на метаболизмот и подолг животен век на клетките.

Ако се имате префрлено на веганска исхрана или значително сте го намалиле консумирањето на намирниците од животинско потекло, би било добро да знаете да ги препознаете знаците кои укажуваат на можен недостиг на витаминот Б12.

1. Слабост и замор

Кога нивото на Б12 станува прениско, телото не може да произведува црвени крвни зрнца, неопходни за пренесување на кислородот низ телото, а резултатот од тоа е класична анемија. Проблемот е што таквиот вид замор претставува симптом кој може лесно да се припише на други причини, како што е стрес и недостиг на сон. Ако заморот се влошува, а не можете да одредите ниедна очигледна причина, појдете на доктор, кој врз основа на вашата крвна слика ќе дознае дали се работи за недостиг на овој витамин или се работи за обичен замор.

 

2.Трпнење во рацете и нозете

Нашите нерви се обложени со масна бела супстанција, позната како миелин. Миелинот на само што ги изолира и штити нервите, туку ги забрзува нервните импулси, што овозможува подобро чувство во рацете и нозете. За производството на миелинот неопходен е токму витаминот Б12, а ако во организмот го нема доволно, миелинот почнува да се разградува, па импулсите повеќе не можат да патуваат толку брзо, што предизвикува и трпнење во рацете и нозете. Тоа е јасен знак дека треба да појдете на контрола.

3.Послаба рамнотежа

Разградувањето на миелинот исто така може да влијае на вашата проприоцепција, која е клучна за вашата рамнотежа. Ако забележите дека одеднаш губите ранотежа или малку потешко се ориентирате во просторот, би било добро да појдете на доктор и да направите анализа на крвта.

 

4.Збунетост и заборавеност

 

Поради тоа што е миелинот важен за квалитетно пренсување на импулсите долж целото тело, недостигот на витамин Б12 предизвикува и послабо работење на мозокот, односно забиравеност и збунетост. Секако, тоа не се однесува на повремената заборавеност, но ако забележите дека се повеќе заборавате и дека во се поголем број ситуации навистина се чувствувате загубено, итно проверете го нивото на овој витамин. Ако не го направите тоа, симтомите од недостиг на витамин Б12 може да доведе до вистинска деменција во рок од само една година.

5. Депресија

Уште еден очигледен знак дека ви недостасува витаминот Б12 е депресијата. Ако во последно време сте подепресивни од вообичаено, иако немате никаква причина за тоа, проверете ја крвната слика за во целост да бидете сигурни дали е овој проблем причина за депресијата. Можеби само ќе треба да ја засилите консумацијата на намирници богати со овој витамин, а тоа се млекото и млечните производи, пилешкото, говедското (посебно бубрезите и црниот дроб), јајца, туна, лосос и квасец.

 

Тагови: б12витамини
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина