Спиењето е важно за здравјето исто колку и правилната исхрана и физичката активност. Редовниот и квалитетен сон им помага на луѓето да го подигнат расположението и ги прави способни за извршување на секојдневните работи. Дури 40% од населението има нередовен сон, а тоа може да биде причина за многу болести. Од друга страна, не е здраво ни претераното спиење, кое подразбира повеќе од девет часа спиење дневно, а толку спие спие 5% од населението.

 

– Количината сон се менува со тек на време, но она што секогаш останува е исто така потребата да се воспостави навика и редовен сон – рекла специјалистката за сништа Ејми Рејнолдс.

 

Познато е дека бебињата помали од три месеци спијат помеѓу 14 и 17 часови, подоцна сонот е намалува на 11-14 часови дневно, за во претшколска возраст бројот на часови да се намали на 10 часови.

 

Тинејџерки

 

На тинејџерките и учениците во средно училиште во просек им се потребни помеѓу 8 и 10 часови сон, но ништо нема да им недостасува ако спијат и малку подолго или пократко. Константната употреба на мобилните телефони и Иитернетот може да ја намали способноста на телото да потоне во квалитетен и добар сон, па затоа е важно сите електрични уреди во собата да се исклучат еден час пред легнување.

 

Во овој период девојките учат, општествено се активни, а тоа влијае на сонот. Научно е докажано дека е многу подобро рано да се легне, отколку да се легнува доцна, иако некој е ноќна птица.

 

Постојано вработени

 

Истражувањето спроведено во Австралија покажало дека 70% од луѓето мислат дека нивното расположение и секојдневните активности се поврзани си недостигот на сон.

– Ние кои студираат или работат, на возраст од 18 до 25 години, треба да спијат помеѓу 7 и 9 часови. Не е препорачливо да бидете изложени на јака светлина и да водите сериозен разговор пред легнување. Исто така, треба да ја намалите количината на кофеинот после ручек, бидејќи кафето со часови останува во организмот – објаснила Рејнолдс.

 

Мајки

 

Жените на возраст помеѓу 25 и 60 години треба да спијат помеѓу 7 – 9 часови дневно. Експертите предупредуваат дека без разлика на работата и обврските кои ги носат децата, мајките мора да најдат начин за квалитетно да отспијат. Во спротивно, можат да си наштетат на здравјето, да добијат плус килограми, кардиоваскуларни проблеми и чести настинки.

 

Постари жени

 

Жените постари од 60 години можат да останат здрави и одморни со 7 или 8 часови сон.

 

Недостиг на сон

 

Истражувањата покажуваат дека хроничната ненаспаност е тесно поврзана со депресијата, анкциозноста и проблемите со кожата. Кожата многу брзо се регенерира навечер и затоа каква било оштетеност може да се поправи со повеќечасовно спиење. Редовниот сон ќе ве направи подобар и повнимателен возач, ќе бидете подобар и посамодоверлив говорник, поретко ќе патите од главоболки и мигрени, ќе бидете попродуктивни на работното место и нема да правите грешки. Освен тоа, ќе ве одминат и опасните болести, бидејќи ќе имате посилен имунитет.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина