Ајурведа убавина
Прастарото учење за животот – ајурведа, не ја прескокнува ниту убавината. Тoa не учи, за разлика од нашето сфаќање за неа, дека убавината не е никаков подарок, туку наш избор. Од тука, нејзината суштина не е во наметнатите естетски канони, туку во грижливо негуваната и со љубов надворешност – на кожата и на косата. Надворешната убавина е огледало на нашата внатрешна убавина, на нашата душа и на здравјето на нашиот организам, па поради тоа грижата за надворешноста е неделлива од грижата за нашето психофизичко здравје.
Вата, пита или капа
Ајурведа не учи да ја негуваме кожата однадвор со соодветни козметички средства и постапки, а одвнатре со соодветни храна и пијалоци. Негата однадвор меѓу другото се темели и на скапоцени чисти природни масла. Освен што се користат за секојдневни и посебни масажи, како и за маски за лице и пакувања за телото, маслата се базична состојка на сите ајурведа препарати за нега. Но, надворешната нега, исто како и целокупната исхрана, мора да биде избалансирана со типот на личноста која се одредува според дошите. Така, вата-типовите имаат сува и чувствителна кожа чувствителна на студ, климатизирани простории и стрес. Пита-типовите имаат необично чувствитечна кожа која реагира бурно на топлина, посебно на сонце, атмосферски нечистотии и состојки на многу производи коишто се користат во секојдневното живеење. Пита кожата е склона на црвенило, воспаленија и алергиски реакции. Капа-типовите имаат изразито масна и нечиста кожа склона на акни и митисери, како и проширени пори.
Со оглед на примарните особини, на вата-типот на кожа и одговара масажа на лицето и телото со козметички препарати коишто содржат ѓумбир, геранум, црвени рози, сандаловина, лимон, нероли, а на пита-типот масло од бадем, кокос, маслиново масло, иланг-иланг, бели рози, сандаловина, ментол и ким, додека на капа-типот најногу му одговараат постапки и препарати со масло од лимон, еукалиптус, каранфилче, лаванда, семки од грозје и бадем.
Ајурведа совети за сите типови
- За убавина и подмладување на кожата и косата, менито збогатете го со урми, индиски оревчиња, манго, грозје, кајсии, производи од пченица, ориз, цвекло, компир, мед, млеко и зачини ѓумбир, коријандер, цимет и шафран.
- За убавина и здравје на кожата пијте чај од ѓумбир. Во 1 л. вода ставете 5 лажици свеж ѓумбир и варете непоклопено додека течноста не се преполови.
- За влажење и омекнување на кожата, пред капење масирајте го телото 10 минути нежно со масло од семки од горчица
- За маска за лице која освежува и ја чисти кожата измешајте топол мед сосок од лимон. Нанесете ја смесата на лице, а кога ќе се исуши, измијте ја со топла вода.
- За ревитализација и освежувње на безживотен, сув тен, сварете половина литар свежо кравјо млеко иоладете го. Кајмакот кој ќе се насобере соберете го и измешајте го со мелени бадеми. Оваа паста нанесете ја на лицето. Кога ќе се исуши, измијте ја со млака вода.
- За чистење и ревитализација на кожата на телото, нанесете на него во дебел слој масло од јојоба и оставете го да делува 10 минути. Потоа влезете во топла бања така намастени и опуштете се десеттина минути.
- За чистење, но и за влажење на кожата, наутро нежно масирајте го лицето со неколку капки масло од дива роза. Потоа на лицето ставете топла крпа и на кратко опуштете се.
- За опуштање пред спиење, нежно масирајте ги стапалата со неколку капки масло од сусам или од јојоба.
- За редовно чистење на кожата на телото и лицето, наместо сапун, кој ја оптоварува и суши кожата, користете домашно или полномасно млеко, кое чисти и ја поттикнува природната влажност на кожата.
- За нежна кожа, секојдневно масирајте го телото со ракавица од чиста сирова свила, за да ја поттикнете циркулацијата.