Кожата е склона на промени, како поради разни надворешни влијанија, така и поради стареење. Меѓутоа, некои промени на неа можат да бидат знак за тревога.

Имате осип кои трае повеќе од една недела

Ако на кој бил дел од кожата имате осип кој ве чеша и трае повеќе од една недела, задолжително побарајте помош од доктор.

Имате црвени дамки на телото

Црвените дамки кои се појавуваат на лицето и на вратот можат да бидат поврзани со стрес, одредена алергиска реакција или пак со осипот кој го имате. Без разлика на причината, посетете дерматолог, посебно ако дамките се прошируваат.

Кожата ви е пречувсвителна

 

Ако имате проблеми да пронајдете кој е вистинскиот производ за нега на вашата кожа, тогаш задолжителн опосеттее дерматолог, кој ќе ви го препише вистинскиот производ.

 

Кожата ненадејно е полна со мозолки

 

Ако отсекогаш сте имале чиста кожа, а одеднаш забележите дека имате многу мозолки, проверете ги кај дерматолог. Акните како нарушување на работата на лојните жлезди не се само естетски, туку и здравствен проблем.

Акните не се подобруваат

 

 

Ако безуспешно морате да ги лекувате акните, прашајте го својот доктор дали може да ви препише некоја нова крема или лек. Акните можат целосно да се излекуваат, но само со соодветен третман и упорност.

Не сте сигурни дали акните се ,,само,, акни

 

Можеби во прашање е алергија за која сметате дека се акни или се работи за инфекција која е малку потешко да се лекува. Ако се сомневате дека е нешто повеќе од акни и производот којшто го употребувате за лекување и нега не делува, посетете дерматолог.

 

Запомнете дека кожата е еден од најдобрите показатели на целокупнзта здравствена состојба.

 

Имате изгореници на телото кои не поминуваат

 

Во зависност од степенот на оштетувањето, изгорениците можат да бидат проследени со бројни потенцијални компликации. Меѓутоа ако се лекуваат правилно, за неколку дена тие можат да зарастат. Ако тоа не е случај со вас, задолжително посетете доктор.

Губите многу коса

 

Необјасниво, ненадејно и видливо големо опаѓање на косата може да биде загрижувачко. Ако не сте под стрес или ништо немате променето во својата рутина за нега на косата, а сепак ја губите, немојте да чекате да се влоши состојбата. Ако се сомневате дека нешто не е во ред, посетете дерматолог, кој ќе ви го прегледа скалпот и ќе утврди за што се работи.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина