Иако суплементите на растителна база се сметаат за релативно лесен начин за поддршка на здравото функционирање на човековото тело, во стварност многу од нив можат да му наштетат на нашето здравје. Нивното консумирање треба да биде дозирано и препишано од страна на стручни лица.

Нус-појави кои ретко можат да се воочат

Луѓето одредени суплементи бираат за да остварат некои цели, како што е зголемување на концентрацијата на работното место или поправање на ефектот во теретана. Меѓутоа, земањето вакви видови додатоци има и свои негативни страни. На пример, земањето на суплементот триметилксантин (кофеин во прав), кого многумина го користат за подобро да учат или полесно да ги надминат физичките напори, може да предизвика ненадејни срцеви пречки, па дури и смрт.

Влошување на раните проблеми

Една од основните причини зошто би требале да се консултирате со својот доктор пред употребата на суплементи лежи во можноста да ви се влошат постоечките здравствени проблеми при користењето на суплементи.

 

Целосна измама

Не дозволувајте етикетите на пакувањата на суплементите да ве залажуваат. Бидете внимателни и секогаш купувајте ги суплементите од специјализиранит епродавници каде можетед а добиете детални податоци за одредените дејства на суплементите врз вашето тело.

Интеракција со други лекови и суплементи

Доколку веќе пиете други лекови или користите други суплементи, мора да бидете внимателни, бидејќи одредени состојки од суплементите кои сакате да ги користите можат да му наштетат на вашето здравје и да го поништат дејството на лековите кои веќе ги пиете.

 

Тагови: Суплементи
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина