Лососот е една од најздравите и најпопуларни риби во светот. Има одлично влијание врз здравјето на целиот организам. Многу добар извор е на протеини, витаминот Б12 и селен. И е еден од најдобрите извори на омега-3 масните киселини, кои го намалуваат ризикот од настанок на кардиоваскуларни болести. Но, еве и зошто е уште одличен.

Го поттикнува слабеењето

Лососот е одличен за оние кои сакаат да постигнат и да задржат здрава телесна тежина. Во 100 грама лосос има само 200 калории. Тоа е сосема доволно за подолго време да се чувствуваме сити. Лососот нема да доведе до нагли промени на нивото на шеќер во крвта, кои можат да го зголемат ризикот од појава на силна желба да се консумираат грицки.

 

Го штити здравјето на коските

Лососот е одличен за здравјето на коските. Одличен извор е на калциум и калцитонин, кој го оддржува нивото на калциум во телото. Истражувањата покажале дека лососот може да помогне во превенцијата на разни болести на коскениот систем, вклучувајќи ја и остеоартритис.

 

Го намалува ризикот од појава на срцев удар

Лососот го подобрува здравјето на кардиоваскуларниот систем. Содржи омега-3 масни киселини, кои го регулираат нивото на крвниот притисок, го намалува ризикот од појава на хипертензија, срцев удар и артериосклероза. Тој го намалува ризикот од затнување на артериите и учествува во превенција на хронично воспаление во телото. Бројни истражувања имаат докажано дека хроничното воспаление во телото го зголемува ризикот за настанок на низа болести, вклучувајќи и разни видови рак, боелсти на кардиоваскуларниот систем, дијабетес тип 2, срцев и мозочен удар.

За одлична кожа и коса

Омега-3 масните киселини во лососот го поттикнуваат производството на колаген и влакна еластин во кожата, кои придонесуваат за нејзиниот младешки изглед. Оваа риба е одлична и за здравјето на косата, бидејќи ја јакне и го спречува нејзиното опаѓање.

Го подобрува здравјето и функционирањето на мозокот

Научниците откриле дека лососот може да го подобри расположението. Освен тоа, ја подобрува и активноста на мозокот, помнењето и концентрацијата. Оваа риба во себе содржи и ДХА масни киселини, за кои е докажано дека имаат позитивно влијание на когнитивните функции. Стручњаците истакнуваат дека за децата е од голема важност да консумираат редовно лосос, бидејќи тој ќе им помогне во постигнувањето на подолга и поквалитетна концентрација. Освен тоа, прелиминарните истражувања покажале дека лососот може да го намали ризикот од нарушувања на вниманието.

Го подобрува квалитетот на сонот

Ако патите од несоница, треба повеќе да консумирате лосос. Научниците потврдиле дека оние кои редовно консумираат лосос, спијат поквалитетно и поретко се будат во текот на ноќта. Лососот содржи триптофан, кој има лесно седативно дејство, поради кој полесно и побрзо ќе се опуштите.

Го подобрува видот

Лососот го штити здравјето на очите и го подобрува видот. Истражувањата покажале дека почестото консумирање лосос може да го намали ризикот од појавата на суви очи и губењето на видот. Тоа е затоа што лососот содржи флавоноиди и масни киселини, кои имаат позитивно делување на здравјето на очите.

Го забрзува метаболизмот

Омега-3 масните киселини, витаминот Д и селенот во оваа скапоцена риба го зголемуваат дејството на инсулионт, олеснувајќи ја апсорпцијата на шеќерот и на тој начин го намалуваат нивото на шеќер во крвта.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина