Ако често чувствувате изразена потреба за некој вид храна, тоа не мора да значи дека сте алчни, туку дека организмот ви бара нешто. Телото често на некој начин ни испраќа сигнали што ни е потребно. Затоа често копнееме за некои намирници кои воопшто не се здрави, како што е чипсот, само затоа што во телото недостасува некоја нивна состојка. Тоа не значи дека треба да и се препуштите на желбата и да јадете секој ден чипс, бидејќи тоа е многу нездраво. Затоа, треба да утврдите што му недостасува на вашето тело и таа супстанција да ја надоместите на некој здрав начин. Со многубројни научни истражувања научниците успејале да заклучат што е тоа што навистина го бара вашето тело кога ви се јаде некоја намирница.

ЧОКОЛАДА

 

slatko
Ако секојдневно чувствувате потреба за чоколада, можно е во телото да ви недостига магнезиум. Телото посебно чувствува потреба за овој хемиски елемент кога сме во стресни ситуации, па затоа кога имате лош ден, понекогаш чувствувате дека еден ред чоколада е единствено решение за вашите проблеми. Меѓутоа, чоколадата не е единствената намирница која содржи многу магнезиум, а далеку од тоа дека е најздрава. Јаткастите плодови и зелениот лисест зеленчук исто така се богати со ова соединение – а телото ќе ви биде исклучително благодарно ако наместо еден ред чоколада изедете грст бадеми.

ЧИПС

 

soleno
Потребата за солени грицки најчесто укажува на тоа дека во телото ви недостасуваат електролити. Сепак, ако сте навикнати често да јадете чипс, треба да знаете дека ова може да биде и мамка – затоа што ваквите грицки предизвикуваат некаков вид зависност. Колку почесто ги јадете, толку повеќе ќе сакате да ги јадете. Секако, секогаш можете да го снабдите своето тело со електролити и со минерали на тој начин што ќе внесувате поздрави алтернативи, како маслинки и домати. Потребата за сол може да значи и дека телото ви бара вода, па обидете се да ја зголемите количината на внесени течности.

МЕСО

zeleno---meso
Кој би можел да и одолее на голема, сочна шницла? Но, Светската здравствена организација препорачува сепак да ја прескокнете, бидејќи веројатно е канцерогена! Но, решението може да биде многу едноставно изедете нешто зелено. Оние кои чувствуваат силна потреба за месо исклучително многу патат од недостиг на железо во крвта. Со оглед на тоа што тоа може да доведе до слабокрвност, наслабнување на имунитетот, главоболки и слабеење на организмот, ова не би требало да го занемарувате. Проверете ја крвта, а во меѓувреме вметнете што повеќе лисест зеленчук во исхраната, бидејќи тој е особено богат со железо.

КИСЕЛО

 

kiselo

Киселата храна честопати ја јадат луѓето кои имаат проблем со стомачната киселина. Поточно, ако имате недостаток на киселини, телото ќе ви го стави тоа до знаење со тоа што ќе ви се јаде нешто како што се киселите краставички. Недостигот на стомачна киселина води до проблем со варењето, и може трајно да го оштети желудникот. Најдобророто решение се пробиотиците. Сепак, ова не е нешто со кое треба да се играте, па затоа е најдобро да се обратите на доктор ако почувствувате дека потешко ја варите храната.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина