Смути против утрински мачнини

 

 

smuti1

 

  • 1 банана
  • половина шолја јогурт

  • 1 лажица мед
  • 1 шолја млеко
  • неколку коцки мраз

  • малку ѓумбир во прав или свежо изрендан

    Тајната состојка на овој шејк е токму ѓумбирот, бидејќи тој помага во пречките во варењето, додека млекото и јогуртот ќе ви ја дадат доволната количина на калциум. Медот е природен засладувач, а бананата е примарен извор на калиум, кој ќе ви помогне да закрепнете од мачнините.

 

Малина-вишна смути

половина шолја малини

  • 1 шолја вишни
  • 1 шолја лимонада
  • половина шолја мраз

Ако не можете никако да ја згаснете жедта во летните врели денови, пробајте ја оваа овошен деликатес.

Цитрус смути

1 мандарина, олупена и исецкана

  • половина шолја ананас на парчиња

  • 1 шолја лимонада
  • 1 лажица сок од лимета
  • половина шолја мраз

Земете ја својата дневна доза на витамин Ц!

Смути овошна салата

1/4 шолја исецкано јаболко

  • 1/4 шолја исецкана круша
  • 1 банана
  • грст суво грозје

  • 1 лажица сецкани ореви
  • половина шолја јогурт

Зошто својата омилена овошна салата да не ја претворите во пијалок? Најважно е овошјето да биде разновидно. Можете да си играте и да комбинирате.

 

Јагода- киви смути

1 шолја јагоди

  • 1 исецкано киви
  • 1 лажица сок од лимон

  • половина шолја мраз

  • половина шолја млеко

Овој освежителен пијалок е преполн со витамини Е, Ц и К, како и калиум, што може само да му годи на вашиот организам.

 

Банана-боровинка смути
  • 1 банана
  • половина шолја боровинки

  • 1 шолја млеко
  • 1 лажичка ванилин шеќер

Уживајте во ова смути со неколку парчиња крекери или тост намачкан со мармалад.

 

Зелено смути

 

smuti2

  •  1   шолја кељ
  • 1 шолја исецкана диња
  • 1 шолја млеко
  • 1 банана
  • 1 лажичка ванилин шеќер

Ова смути може да биде совршен избор за попладневна ужина!

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина