Појадокот е најважниот оброк од денот и никако не би требало да се избегнува. Меѓутоа, погрешното одбирање на намирници за вашиот прв оброк може да резултира со несакани резултати на вагата.

Заради тоа, ви претставуваме листа со најголемите грешки за појадок:

pojadok_naslovna

Претерување со џусот

Познато е дека сокот од цеден портокал претставува можеби и најдобар можен избор кога е во прашање појадокот. Сепак, треба да се има на ум дека оптимална количина на сокот е всушност онаа која може да се исцеди од еден портокал.  Она што претставува главен проблем е што ваквите сокови кои се купуваат, често содржат огромни количини на шеќери, што е многу лошо. Подобра идеа би била да се испие една чаша вода и да се изеде еден портокал.

Избор на нездрави намирници

Вафлите и палачинките за појадок не се препорачливи, особено ако се исполнети со фил, кој изобилува со шеќери. Наместо тоа, треба да се осврнете кон житарките или тостот, и да пробате да внесете некој протеин низ намирниците како што се немасниот јогурт или немасното млеко. На овоој начин, чувството на ситост ќе трае многу подолго.

Паѓате под искушение

Колачите за појадок се вкусни, но кога се прв оброк во денот, подобро е да се избегнат, Печивата, слатките житарки и колачите предизвикуваат зголемување на шеќерот во крвта, п што следи пад на енергијата и силно чувство на глад уште од срединта на утрото.

Избегнување на кафето

Нема потреба да се одрекнете од чаша утринско кафе, па дури и ако е во прашање ригорозна диета. Кафето може да биде ефикасен начин за подобрување на расположението и подобрување на мозочните функции.

Премногу додатоци во кафето

Голем  број луѓе обожуваат да пијат благо кафе, кафе со шлаг и слично. Она на што треба да се обрне внимание е тоа дека ваквите додатоци со себе носат и дополнителни калории, кои здружени со останатите, создаваат калориски вишок, и на крајот, водат кон дебелеење.

Неподготвеност за нападите на глад

Планирањето на оброците е клуч на здравата исхрана, а особено за луѓето кои брзаат и од многу обврски, забораваат да појадуваат. На тој начин, шеќерот во крвта не доживува големи варирања, па ни појавата на голем глад нема да создава проблеми.

Голем број порции

Едноставно, комбинирањето на храната е добро, меѓутоа треба да се води сметка околу изборот. Идеално би било во чинијата да се стави што е помалку можно масно месо, повеќе зеленчук и една цела овошка. Неизоставниот четврти елемент би бил леб со цели семенки. Она од што треба да се воздржите е да не си ставите и втора порција, бидејќи на тој начин се губи чувство за количината на внесената храна во организмот, што на крај има лош резултат.

Шведска маса

Секогаш можете да искомбинирате здрав оброк, па дури и во посебни и вонредни прилики. Она на што треба да се обрне внимание е да се избегнуваат колачи, голема количина на сокови и коктели. Од друга страна, би требало да се одберат јајца, немасно месо како пилешко и риба, но и многу свежо овошје и зеленчук.

Заборавате да се напиете вода

Да додадете една чаша вода на секој оброк можеби е и најдобриот совет. Она на што треба да се води сметка е тоа да се испие водата пред почетокот на секое јадење. На овој начин докажано побрзо ќе се појави чувтсвото на ситост, а ќе биде задоволителна и хидратацијата.

Суштината на се е да се запамети изреката на старите – „Појадувај како крал, ручај како принц, а вечерај како сиромав”.

Се што треба е да се придржувате кон ова правило и со тек на време, ќе ја имате посакуваната телесна форма.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.