Гуава – природен лифтинг
Егзотичното овошје гуава (Psidium guajava) потекнува од Централна Америка, плодот е округол и наликува на јаболко или круша. По арома потсетува на коктел од тропско овошје. Зрелоста се одредува според бојата на кората, која би требало да биде свежо зелена како англиска трева, а внатре темноцрвена. Се јаде така што се пресекува на половина и со лажица се вади месестиот дел. Семките се вадат, бидејќи исто така се јадат. Кога ќе се загриза, има киселкаст вкус, но слаткоста се зголемува со секој залак. Од зелените плодови се прават сосови и се служат со месо и риба. Поради нејзините лековити својства и изобилството корисни состојки, треба да се консумираат почесто, бидеќи во 100 грама гуава има двојно повеќе Ц витамин од лимонот и портокалот. Овој витамин игра клучна улога во производството на колаген и е важен за кожата. Едно американско истражување направено врз 4.000 жени на возраст од 40 до 74 години, покажало дека оние жени кои повеќе консумирале намирници богати со витамин Ц, имале помалку брчки за разлика од оние кои помалку го консумирале овој витамин. Освен тоа, витаминот Ц штити од бактерии, посебно од листерија и стафилококи. Заедничкото истражување на американските и тајландските научници покажало дека гуавата има идентична антиоксидантна активност како ,,супер намирниците,, црна рибизла и брокула. Во поголеми колични поседува и исклучително важен витамин – витаминот А, а е апсолутен рекордер по количината на ликопен, антиоксиданс кој штити од карцином на простатата. Ликопен содржи повеќе и од доматите и лубениците, кои се сметаат за исклучително богати со оваа значајна состојка. Ликопенот ги штити здравите клетки на слободните радикали, кои доведуваат до дегенеративни промени, отежната работа на артериите, нарушувања на нервниот систем и други оштетувања во организмот. Поради огромата концентрација на на антиоксиданси, стручњаците ја сметаат за егзотична ,,ултимативна намирница,,.
Пресметано е дека една чинија гуава содржи дури девет грама влакна во однос на другите ,,богати,, намирници, но и 635 повеќе калиум во однос на една банана со средна големина. Содржи малку железо, но затоа е особено богата со бакар, манган и фолна киселина исклучителна е во диетална смисла – еден плод содржи само 50 калории. Освен тоа, го намалува крвниот притисок, холестеролот и триглицеридите, делува како помошно средство кај дијабетес, бидејќи го намалува нивото на шеќер во крвта, па во таа смисла се препорачуваат две свежи гуави на ден.
1. Помага во борбата со ракот
Ликопенот помага во борбата против ракот. Како силен антиокиданс тој го штити телото од штетните влијанија на зрачењето кое доведува до оштетување на клетките. Тие оштетувања можат да доведат до развој и на други болести, како Алцхајмерова болест, артиритис и срцеви болести. Неговото редовно консумирање го спречува и настанокот на рак на простата и рак на дојката.
2. Го спречува високиот крвен притисок
Гуавата е богата со влакна и калиум. Таа го намалува нивото на штетен холестерол и го намалува високиот крвен притисок. Ова е уште една причина зошто е корисна за оние кои се склони на болести на срцето и висок крвен притисок.
3. Ослободува од кашлица и настинка
Со оглед на тоа што е богата со витамин Ц, гуавата помага да се подобри имунолошкиот систем и ја зголемува отпорноста на инфекции, како што се кашлицата и настинката. Таа исто така помага во лекување на кашлицата и ги чисти дишните патишта од инфекции.