Темата за избалансирано хормонско здравје со тек на годините станува се поактуелно. Доаѓаат на ред скапи лекови и бескрајни консултации со гинеколог. Веднаш обидете се да ја спречите потребата за лекови кои ги регулираат хормонските промени, до кои доаѓа со тек на време.

 

Ова се три природни рецепти кои го стабилизираат лачењето на хормоните:

 

Топла вода со лимон

 

 

Топлата вода со лимон придонесува за намалување на тежината, ги остранува токсините од организмот и ги подобрува имунитетот, состојбата на кожата и дигестијата. Причината за тоа е што лимонот влијае врз хормонот на ситост – лептинот. Ако тој не е во рамнотежа, телото почнува да создава масни наслаги. Лимонот помага да се одбегне дехидратацијата и да се подобри варењето.

 

Рецептот е многу едноставен: исцедете го сокот од половин алимон во чаша топла вода и испијте го веднаш. Утротот подобро ќе ви започне со овој напиток.

 

Чај од листови од малини

 

 

 

Листовите на малината од дамнина се користат за јакнење на мускулите на матката. Научните истражувања потврдиле дека ова растение делува полесно врз работата на хормоните. Жените кои го пијат овој чај за време на бременоста, немаат потешкотии при породувањето.

 

И овој рецепт е многу едноставен: се прелева една супена лажица листови од малини (можат да се користат и сушени) со 200 милилитри врела вода и се остава да отстои 10 минути. Овој чај не треба да се пие пред легнување, туку подобро во текот на денот.

 

Златно млеко

 

 

Златното млеко го подобрува имунитетот и ја доведува во ред рамнотежата на нивото на хормоните во организмот. Овој напиток загреба, освежува и смирува. Се состои од куркума, кокосово масло и засладувачи, кои сочинуваат корисна комбинација за регулирање на хормоните и воопшто делуваат поволно врз организмот.

 

Рецепт: во 200 милилитри врело млеко се додава половина кафена лажичка куркума  лажичка кокосово масло. По вкус, може да се додаде и мед. Овој напиток е подобро да се пие навечер.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина