Утврдено е дека ементалерот (издупчен швајцарски кашкавал), ја содржи пробиотската бактерија Propionibacterium freudenreichii, за која едно неодамнешно истражување објавено на Универзитетот во Сеул потврдило дека може да го продолжи животниот век кај попростите организми, како што се глистите. Истражувачите во оваа студија, објавена во списанието Scientific reports, споменале дека е ,,можно механизмите (на делување на таа бактерија) откриени во оваа студија да делуваат и на други видови, вклучувајќи ги и луѓето.,,

Имено, споменатата бактерија ја разложува млечната киселина (која се создава при работа на мускулите) на три компоненти: ацетат, јаглен диоксид и пропионат. За ацетатот и пропионатот е познато дека делуваат поволно на ловечкиот имунолошки систем. За другите две пробиотски бактерии кои ги содржи ементалерот, Weisella koreensis и Weissella cibaria, познато е дека го штитат организмот од стрес, напад од патогени бактерии и имаат антивоспалителен ефект.

 

Иако сите ферментирани кашкавали не се детално проучени во поглед на пробиотските бактерии кои ги содржат, постојат истражувања кои укажуваат дека кашкавалите како чедарот, бри и пармезанот можат да се сметаат за здрави. Имено, податоците добиени со истражувања покажуваат дека консумирањето на овие кашкавали може да се поврзе со намалениот ризик од рак на црниот дроб, како и  подолгиот животен век. А обемното истражување спроведено на Јуниврзити колеџ во Даблин, Ирска, заклучило дека оние кои јадат многу кашкавали во просек се послаби од оние кои не ги јадат толку многу.

Уште едно нешто што открило ова истражување, а што е исто така многу важно е тоа дека јадењето кашкавал не го подига нивото на холстеролот и дека оние кои спроведувале исхрана со ниско масни млечни произвиди во просек имале повисоко ниво на холестерол од оние кои јаделе млечни производи со нормална содржина на масти.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина