Безглутенската исхрана не е поздрава алтернатива
Не постои причина за тврдењето дека безглутенската исхрана не е подобра и поздрава, освен во случајот на оние кои боледуваат од целијакија, тврдат стручњаците. Безглутенската исхрана, меѓутоа, во последниве неколку години стана глобален тренд меѓу следбениците на здравата исхрана, дури и меѓу оние кои не се грижат за процентот на глутен во својата исхрана.
Гастроентерологот Сузан Махади, од австралијанскиот Универзитет Монап, посебно го истакнува своето противење на одбегнувањето на глутенот, кај сите оние кои патат од целијакија, истакнувајќи дека со тоа здравјето се доведува во ризик, пишува британскиот Independent.
- Не постојат докази за тврдењето дека стриктната безглутенска диета е добра за здравјето на пациентите со целијакија. Дури е можно и да е сосем обратно. Но, одбегнувањето на житарки од цело зрно во исхраната е нешто сосема поинакво, и за резултат има ниско ниво на влакна – вели таа.
Махади објаснува дека и покрај широката распостранетост и популарноста, безглутенската храна ги нема сите здравствени предности кои и се припишуваат. Таа го поставува прашањето каде се научните докази кои можат кои можат да го поткрепат тврдењето дека таквата храна навистина претставува поздрава алтернатива.
Студијата на Универзитетот во Торонто од 1999 година открила дека исхраната со влакна од растително потекло може да ја обезбеди дополнителната заштита при кардиоваскуларни заболувања, и тоа така што го соупта нивото на триглицеридите во крвта.
Прошлогодишната стидија дошла до истиот заклучок. Преку анализа на податоците земени од неколку илјади испитаници постари од 26 години, истражувачите заклучиле дека оние кои не боледуваат од целијакија не би требало во целост да се потпираат на безглутенската исхрана.
- Долгорочното внесување на глутен не е поврзано со ризикот од коронарна артериска болест. Меѓутоа, намелното консумирање на житарки може да ги изложи луѓето на кардиоваскуларни ризици – наведено е во заклучокот на истражувањето.
Исто, така, избегнувањето на глутенот е поврзано со зголемен ризик од дијабетес тип 2.