Еве како брзината со која јадеме, дишеме и пиеме влијае на нашето здравје
Истражувањето кое неодамна го имаат спроведено научниците од Нов Зеланд, покажало дека темпото со кои се вршат некои активности, како што се јадењето, дишењето, консумирањето алкохол или одењето, влијае на нашата здравствен состојба и животен век.
Ако јадете пребрзо
Новозеландското истражување, кое било објавено во Journal of the American Dietetic Association покажува дека жените помеѓу 40 и 50 година од животот кои јадат најбрзо имаат далеку поголеми шанси да бидат дебели од оние кои јадат полека. Пребрзото јадење е проблем со кој се соочува голем број луѓе, посебно поради забрзаниот начин на живот, но тој е еден од главните причини за дебелеење, но и за други гастро проблеми. Нервите испраќаат сигнали во мозокот дека желудникот се шири. Во исто време грелинот, хормонот за глад кој се произведува додека се празни желудникот, престанува да се испушта. Од мигот кога ќе почнете да јадете, потребно е да поминат 20 минути за пораката која го побива апетитот да се пренесе до мозокот. Објаснувањето е едноставно – ако јадете пребрзо, најверојатно ќе се натрупате со храна. А пребрзото јадење го зголемува ризикот од појава на киселини, гасови и општо чувство на непријатност, бидејќи кога брзо јадеме, голтаме и голема количина воздух. За правилно да се изџвака храната, секој оброк треба да трае 20 минути.
Всушност, брзото голтање на храната е сосема доволно за речиси удвојување на ризикот од дебелеење, покажала и една јапонска студија. На Универзитетот Осака научниците ги следеле навиките на јадење на 3.000 испитаници и дошле до заклучок дека оние мажи кои јадат брзо имаат за 84% поголема шанса да се здебелат.
Ако дишете пребрзо
Докторите истакнуваат дека здравите личности вдишуваат од 10 до 14 пати во текот на една минута, но дека некои вдишуваат и повеќе од 20 пати во една минута, што доведува до недостиг на воздух и симптоми како чувство на трпнење во прстите и околу усните, забрзано чукање на срцето, замор и слаба концентрација. Наведените симптими се показател дека дишете на уста, наместо правилно да дишете прекунос. Поради тоа, предупредуваат докторите, доаѓа до пад на нивото на јаглерод диоксид во крвта, што се манифестира преку грчеви, кои често се јавуваат во цревата.
За да ги спречите овие појави и да го контролирате своето дишење, се препорачува да внимавате на бројот на вдишувања додека се одморате и, доколку вдишувате повеќе од 20 пати во минута, а притоа чувствувате некакви негативни симптоми, да појдете на доктор за да направите преглед на белите дробови и анализа на крвта.
Ако пребрзо пиете алкохол
Пребрзото консумирање алкохол го зголемува ризикот од губење на свеста. Исто така, оние кои пребрзо пијат имаат поголеми шанси да испијат повеќе отколку што нивното тело може да го преработи.
Стручњаците истакнуваат дека по правило можеме да преработиме 10 мл алкохол за еден час, но напоменуваат дека секој организам со различна брзина го преработува алкохолот, во зависност од физичката градба, полот, па дури и етничкото потекло. Поради тоа е препорачливо пред консумирањето алкохол да каснете нешто.