Човековото тело има природен механизам само да се штити од штетни материи кои ги апсорбираме од околината или внесуваме преку храната.Поради изложеноста на организмот на многубројни отрови, постои дебата дали природниот механизам на телото се уште може да се брани, а доколку сакате да си помогнете на самите себе си во оваа борба,еве неколку производи кои помогаат при елиминација на отровите од организмот.

Јаболка

jabolko

Старата изрека едно јаболко дневно и ќе заборавите да отидете на лекар , има основа.Истражувањата покажале дека јаболката помага при остранување на отровите од организмот , а слично дејство имаат и природните сокови од јаболка кои може да ги најдете во маркетите.

Целер

Целерот помага при детоксикација на организмот на повеќе начини.Тој помага при прочистување на крвта, како и при остранување на течности и киселини од зглобовите и ја стимулира штитната жлезда.

Шеќерна репка

Црниот дроб е орган кој природно го чисти организмот од отрови и други несакани супстанци, а шеќерната репка е природно средство кое помага при чистење на црниот дроб.Кога јадете шеќерна репка ,на црниот дроб му правите голема услуга , а за возврат здравиот дроб поефикасно ќе го прочистува вашиот организам од несакани материи.

Лук

Кога се работи за детоксикација ,лукот е апсолутен владетел во светот на зеленчукот .Тој содржи хемикалии кои помагаат да се остранат отровите,а притоа се зголемува производството на бели крвни зрнца.Лукот ја прочистува крвта ,дебелото црево и респираторниот систем,а помага и при остранувањето на никотинот од крвта и телото и може да биде ваш добар сојузник доколку решите да ги оставите цигарите.

Зелка

Зелката е позната како старински лек во борбата против чирот.Овој зеленчук има има и значајна улога во детоксикацијата бидејки содржи киселини кои помагаат дебелото црево да се дезинфицира.

Кромид

Кромидот е производ кој најдобро го прочистува организмот.Освен што ја стимулира работата на црниот дроб, исто така му помага на телото полесно да се поти, и на тој начин полесно се ослободуваат штетни материи.

Вода

Многумина не ја гледаат водата како производ кој може да помогне при детоксикацијата на организмот , но таа е клучен елемент кој му помага на телото да ги исфрли штетните материи во организмот и помага на природниот процес на телото да се одвива нормално.

Лимон

Лимонот е полн со витамин Ц кој помага во пречистувањето на системот за варење.Лимонот исто така ја прочистува и крвта,а ја штити и кожата од матеерии кои предизвикуваат чирови и акни.Топла вода во комбинација со исцеден лимон е добра за црниот дроб, а помага при заштита на бубрезите од камења.

Ѓумбир

gumbir

Овој производ е одличен за варење на храната во организмот,што помага вашето тело да се ослободи од отрови и несакани материи.Се користи и за настинка и кашлање.

Морков

Морковот помага при прочистување на телото, а е погоден и за заштита на кожата и жлездите.Помага при менструални болки.