8 вкусни намирници кои ги топат масните наслаги
Сите ќе се согласиме дека слабеењето е најтешката работа во светот. Можете да се изгладнувате до смрт и да вежбате секој ден, но тоа не значи дека ќе ги видите резултатите што ги очекувате. Причината за тоа лежи во тоа што не ги балансирате правилно вежбањето и диетата. Вашите навики во исхраната играат значајна улога во губењето на килограмите.
Клучот не е во тоа да престанете да јадете: клучот е во тоа да јадете правилно. Не посоти волшебна храна од која ќе ослабнете за еден ден, но постојат намирници кои можат да ви помогнат во губењето на килограмите. Сите намирници имаат различен состав. Ако сакате да ослабнете, бирајте ги оние кои се богати со влакна и здрави масти. Јадете природна храна, свежо овошје и зеленчук и одбегнувајте шеќери. Јадете помали порции шест пати на ден и водете сметка за вносот на калории. Следниве намирници можат значително да ви помогнат да ослабнете и да го задржите виткиот стас.
Зелен чај
Ова е едно од најздравите пијалоци. Полн е со антиоксиданси, кои го поттикнуваат согорувањето на мастите и го забрзуваат слабеењето. Истражувањето покажало дека компонентите од овој чај ги мобилиизраат мастите од масните клетки и го засилуваат дејството на хормоните кои ги согоруваат мастите.
Јогурт
Јогуртот е полн со пробиотици и протеини кои се добри за метаболизмот и кои помагаат за губење на вишокот килограми. Оддржувањето на здрав желудник ќе ве заштити од резистенцијата на лептин, кој всушност претставува хормонска нерамнотежа која доведува до дебелеење. Јогуртот го намалува апетитот и го зголемува чувството на ситост. Одбегнувајте јогурти со низок процент на масти и со вкусови, бидејќи тие содржат голема количина шеќери и калории. Секогаш бирајте полномасни јогурти.
3. Авокадо
Авокадото содржи многу здрави масти, калиум и диетални влакна, која со помош на калиум го регулира балансот на течности и празнење на цревата. Тие го побиваат гладот и го намалуваат салото на стомакот. Така се губат повеќе килограми. Авокадото обезбедува подолго чувство на ситост и му обезбедува на телото хранливи материи и здрави масти.
4. Јачмен
Оваа житарка може да се користи за губење на килограмите и во веганската исхрана, бидејќи е богата со хранливи материи. Богата е и со нерастворливи влакна, кои пружаат чувство на ситост.
5. Бадеми
Бадемите се намирница богата со протеини и влакна. Благодарение на тоа, пружаат подолго време ситост. Можете да ги јадете како ужина помеѓу оброците или како додаток во салати. Тие се најдобрите стимуланси за губење на килограмите. Корисни се и за варењето и за цревната перисталтика, бидејќи содржат корисни масти.
6. Боровинки
Боровинките се богати со антиоксиданси, витамин Ц и витамин Е. Тие се совршена здрава ужина, бидејќи содржат малку калории. Потврдено дека се ефикасни во намалувањето на салото на стомакот.
7. Мисо
Оваа супа потекнува од Јапонија. Таа е мешавина од бујон и ферментиран грав, тофу, млад кромид, алги и морска трева. Една порција содржи 2 грама протеини и само 25 калории. Исто така содржи и витамин Б-комплекс и заштитини масни киселини, што ја прави оваа супа уште поздрава.
8. Здрави мешунки
Сите мешунки се богати си влакна, па затоа пружаат чувство на ситост и го контролираат гладот. Освен што влијаат врз намалување на телесната тежина, тие се двојно полезни за организмот, бидејќи го намалуваат високиот крвен притисок и ризикот од кардиоваскуларни.