Превенција од бубрежни каменчиња

Само половина шолја лимонов сок дневно е доволна за да го зголеми нивото на цитрати во урината. Истражувањата покажале дека лимонот може да помогне во превенцијата на формирање каменчиња во бубрезите.

 

Ублажување болки во грлото

Мешањето на сок од лимон со мед може да ги ублажи болките во грлото и чувството на иритација.

Поттикнување на слабеење

Сокот од лимон дефинитивно може да го поттикне слабеењето, а истражувањата покажуваат дека може да помогне и во одржување на здрава телесна тежина. Сокот од лимон содржи пектин, вид растворливи влакна, кои докажано можат да помогнат во топење на одвишните килограми.

 

Подобар почеток на денот

Не го започнувајте денот со кофеин, туку со топла вода со лимонов сок. Така ке ја поттикнете работата на органите за варење и ќе внесете поголема количина на витамин Ц. Истовремено помага и при зголемена желудочна киселина.

Ублажување иритации на кожата

Триењето на кожата со лимон може да помогне за ублажување на иритации на кожата, посебно по каснувања од инсекти. Лимонот има противвоспалително дејство и ќе ја забрза регенерацијата на кожата.

Поттикнување на дигестивниот систем

Стручњаците препорачуваат секојдневно да се пие лимонов сок со семе од лен. Тоа ќе го поттикне работењето на дигестивниот систем и ќе го забрза чистењето од токсините.

Превенција од рак

Истражувањата покажале дека лимонот има антиканцерогено дејство, бидејќи содржи соединенија кои ги штитат клетките од оштетувањата кои можат да ги предизвикаат клетките на ракот. Пробајте го ова: половина лимон се цеди, се разредува со половина литар млака вода и се пие. Овој напиток го алкализира организмот. И, дефинитивно со него треба да ви започнува секој ден.

Зголемен внес на калиум

Бананите не се единственото овошје кое е одличен извор на калиум. Лимонот содржи дури 80 мг повеќе од овој минерал, кој и овозможува на секоја клетка нормално да функционира.

Регулирање на телесната температура

Кога имате висока температура, секако треба да внесувате повеќе лимони, бидејќи истражувањата покажале дека лимонот може да го забрза снижувањето на телесната температура.

Регулирање на ph вредноста

Иако има кисел вкус, лимонот делува алкално и може да ја регулира ph рамнотежата во организмот. Тоа е клучно за неговото правилно функционирање.

Антибактериски и антимикробни својства

Лимонот може да се користи при лекувањето на разни желудочни проблеми, вклучувајќи и болки во стомакот, желудочната киселина и грчевите. Помага да се намали надуеноста и гасовите. Во тоа најмногу помага да се зема една лажица сок од лимон и една лажица маслиново масло пред секој оброк.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина