Резултатите од оваа диета се брзо видливи, бидејќи со неа се предвидува внесување на околу 1.000 калории дневно. Поради рестриктивноста, оваа диета не смее да се држи повеќе од пет дена. Јадењата се едноставни, исхраната е богата со зачински билки, поради што и оброците се повкусни, за разлика од другите диети. Треба да се придржувате до препорачаните начини на подготовка на намирниците, и да одбегнувате да пржите на масло. Пијте најмалку два литри течност на ден, најдобро вода. Секој оброк јадете го во точно одредено време (појадок во 08.00 часот, ужината во 10.00 часот, ручекот напладне, попладневна ужина околу 16.00, а вечерата во 18.00 часот). Претпладневната ужина е секогаш иста – 40 гр. суво овошје.

ПРВ ДЕН

Појадок: 1,5 дл. обезмастено млеко или јогурт со помалку масленост, лажица мед, лажица овесни снегулки и една круша.

Ручек: пилешки гради во пикантен сос и варен ориз (100 гр. пилешко месо, 40 гр. ориз, лук и магдонос по желба, 2 дл. супа од зеленчук, 2 лажици кисело млеко со помалку масленост или обесмастен јогурт, лажица маслиново масло, сол и лута пиперка – феферонка).

Попладневна ужина: портокал

Вечера: салата со јајце и шунка (60 гр. зелена салата, 1 тврдо варено јајце, 50гр. немасна шунка, 4 лажици сок од портокал, изрендан рен, сол и една феферонка, 50 гр. интегрален леб.

ВТОР ДЕН

Појадок: фрапе од 1,5 дл. обезмастено млеко и 125 гр. банани

Ручек: тестенини во сос од печурки (40 гр. тестенини, 200 гр. шампињони, 1 главица лук, 2 лажици кисело млеко или јогурт со малку масленост, сол и бибер, 20 гр. мелени ореви

Попладневна ужина: интегрално пециво со 30 гр. немасно сирење

Вечера: салата со манго (салатата зачинете ја со 3 лажици сок од портокал, 1 лажица оцет и феферонка) и парче препечен интегрален леб намачкан со свежо кравјо сирење.

ТРЕТ ДЕН

Појадок: 250 гр. малини, 1,5 дл. обезмастено млеко или јогурт, 1 лажица овесни снегулки, 1 лажица мед (се измешајте).

Ручек: супа од зеленчук (исецкан лук, 1/2 л. супа од зеленчук, 200 гр. тиквички и пиперка исечена на коцки, 50 гр. немасна шунка, 50 гр. грашок, сол, бибер, маслиново масло, оцет, соја сос).

Попладневна ужина: јаболко

Вечера: салата од пилешко месо и тиквички (60 гр. зелена салата, 200 гр. тиквички, 3 лажици сок од портокал, 1 лажица оцет, сол и бибер, 3 лажици кисело млеко или јогурт), 40 гр. интегрален леб.

ЧЕТВРТИ ДЕН

Појадок: фрапе од 1,5 дл. обезмастено млеко и 100 гр. банани

Ручек: морска риба со ориз (40 гр. ориз, 2 филети риба по желба, лажичка сок од лимон, сол и бибер, лажичка рендан рен, лажичка мајчина душица, 2 дл. супа од зеленчук, 2 лажици кисело млеко или јогурт, домат).

Попладневна ужина: интегрално пециво со 20 гр. шунка, сенф и зелена салата (се додаваат во сендвичот)

Вечера: салата од шампињони (70 гр. зелена салата, 100 гр. боранија, 150 гр. шампиљони, 3 лажици сок од портокал, 1 лажица сок од лимон, 1 лажица маслиново масло, 1 главица лук, сол и бибер), интегрално пециво

ПЕТТИ ДЕН

Појадок: јаболко, 1 лажица сок од лимон, немасен јогурт, 1 лажица овесни снегулки и 1 лажица мед (се измешајте).

Ручек: свинска крменадла (150 гр. месо, краставица исечена на кругови, 1/2 пипрка, 2 лажици сок од портокал, 1 лажица оцет, 1 лажица маслиново масло, сол и бибер, 1 лажиче коријандер во прав, 1/2 главица лук, 2 лажици соја сос), 50 g интегрален леб.

Попладневна ужина: 1/2 ананас.

Вечера: салата со морков и брокула (250 гр. зелена салата, 200 гр. моркови, 100 гр. варена брокла, 2 лажици кисело млеко или јогурт, 1 лажица сок од портокал, 1 лажица сенф, сол и бибер), 40 гр. интегрален леб, 30 гр. шунка.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина