Иако овој стоматолошки метод е застарен, поради појавата на други алтернативни методи, денталните пломби наречени амалгам се уште се користат во многу стоматолошки ординации ширум светот и милиони луѓе се уште ги имаат во уста, без да знаат дека во устата имаат отровна и погубна жива. Доктор Стјуарт Шенкер, американски стоматолог, соочен со сопственото искуство со труење од жива од пломба, загубил речиси се, но својот живот го свртел кон борбата против стоматолошките отрови. Тој ја напишал книгата ,,Вистинска темпирана бомба – употребата на живата во стоматологијата“, во која го има опишано своето страшно искуство од труење со живата, а целта на книгата е, како што вели самиот, целосна забрана за користење амалгамски пломби насекаде во светот и казнување за тоа. Користењето на овие пломби е рамно на убиство. Амалгамските пломби се најевтини, па поради тоа и е најкористена пломба во стоматолошкиот свет.

Една пломба содржи дури 545 жива!

За оние кои не знаат за кои пломби зборуваме, тоа се оние сребрени пломби кои во устата ги има речиси секој човек на планетава. Проблемот е во тоа што живата испарува во човечката уста. Тоа доведува до систематско труење со жива. Но, како што вели доктор Шенкер во својата книга, проблемот е во тоа што труењето со жива преку пломбата готово е невозможно да се препознае и симптомите од него се појавуваат низ годините. Па, ако не знаете, никогаш не би ги препознале. Најпосле, живата таложена со години во човечкиот организам може да предизвика долга и болна смрт, а вие никогаш да не дознаете дека причината за тоа е живата.

Доктор Хал Хигинс, еден од најпознатите стоматолози, прв почнал да ја разоткрива вистината за смртоносните пломби и се соочил со сите свои колеги, бидејќи рекол дека и најмалата количина од жива во човечкото тело е опасна. Тој го зел примерот со човековата јајце-клетка која, ако за миг се допре со жива, неретко ја губи својата способност за да се поврзе за ѕидот на матката, дури и ако оплодувањето било успешно. Хигинс предупредува дека живата во устата на човекот испушта токсични пареи 24 часа на ден, како и дека може да предизвика опасни по животот болести. Најчестата причина за хроничен замор токму е живата која се наоѓа во устата и која делува константно, се додека не биде извадена. Тој го посветил животот на бесплатно давање помош на луѓето кои се отруени со жива преку ,,сребрените пломби,,. По откривањето на вистината во јавноста, Хигинс добил отказ и отфрлање од својата професија, но тој продолжил да ги известува луѓето за овој страшен смртоносен материјал кој стоматологијата го носи со себе. Неговиот отказ, но и примерите од многу други доктори стоматолози кои проговориле за тоа и кои биле прогонети и дискредитирани во својата професија поради тоа, се доказ дека ни овие пломби не се случајно во устите на голем број луѓе на планетата. Најлошо е што се користат уште од 1800 година, па можете да замислите колку луѓе се отруени, измачувани и починати, бидејќи и верувале на медицината.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина