За разлика од расипаната храна, таа не смрди, туку стои на врвот, одбивајќи не да го јадеме она кое освен мувлата на него се чини како совршено добар леб. Но, што би се случило ако го изедеме таквиот леб?

Стручњаците велаѕ дека не постои едноставен одговор, туку дека ризикот по здравјето е еднаков на оној кога ќе се напиеме вода од непроверен извор.

– Мувлата сама по себе не е токсична. Постојат повеќе видови мувла, а само некои од нив можат да бидат штетни по здравјето – објаснува микробилогот Ранди Воробо од Универзитетот ,,Корнел,,.

Никако не мирисајте мувла

 

Воробо истакнува дека никако не смее да се мириса мувла, бидејќи тоа може да доведе до болести на дишните патишта. Лебот со мала количина на бела и сина мувла може да се спаси некако, но со оглед на тоа што може многу лесно да се прошири, треба да се исече цел сантиметар под мувлата, а другото може да се изеде. Ако, пак, лебот има портокалова, жолта или црна мувла, треба веднаш да се фрли. Тие можат да бидат штетни и од нив може да ве боли стомак.

Што може да се јаде по отстранување на мувлата?

 

Повеќето овошја се безбедни кога ќе им се отстрани мувлата, бидејќи нивната киселост ја спречува штетнта бактерија да се развива. Ако овошјето е многу мувлосано, најдобро е да се фрли.

Сирењето е толку густо што под себе нема доволно кислород кој би дозволил мувлата да се развива. Но, за да бидете сигурни, можете да отстраните и некој сантимеар повеќе.

Мувлата од џемот или ајварот можете да ја отстраните со лажица, а добро е да се отстрани и некој сантиметар подлабоко под мувлата, за да бидете сигурни дека сте ја извадиле сосема и дека можете да јадете.

 

Што мора веднаш да фрлите?

 

  • Меки сирења,
  • Зеленчук кој станал слузав,
  • Јаткасти плодови и семки,
  • Месо, иако не е сигурно дека на него ќе се создаде мувла
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина