Зошто понекогаш гледаме црни точки пред очи ?
На сите нас понекогаш ни се случува тоа: ќе станеме нагло и одеднаш пред очи ќе ни се појават црни точки, кои брзо поминуваат.
Зошто се случува тоа?
Всушност, не постои причина за загриженост, ако пред очи гледате црни точки кога ќе станете одеднаш. Но, ако често пред очи ,,ви играат,, црни точки, без да има врска со станувањето, тогаш треба да појдете на доктор.
Црните точки можат да се појават и ако предолго стоиме. Кај оние луѓе кои имаат одложена ортостатска хипотензија, стоењето подолго од три минути доведува до нагло опаѓање на крвниот притисок, што може да доведе до вртоглавица или до замаглен вид. Кај овие луѓе состојбата во мигот се влошува, и на крај мора да седнат за да им помине.
- Зборуваме за луѓе кои имаат чувство како да ќе се онесвестат додека стојат, да речеме, на каса во продавница – вели Кристофер Гибонс, професор по неврологија на Харвард.
Гибонс и неговиот тим истражувале како ортостатската хипотензија – вртоглавица при стоење три минути и пократко – и одложената хипостатска хипертензија влијаат врз здравјето на луѓето. Кога ги анализирале податоците за здравјето на 165 луѓе, 645 од оние кои имале ортостатска хипотензија на почеток на студијата умреле во следните десет години, како и 29% од оние кои имале одложена ортостатска хипертензија.
Гибонс и неговиот тим веруваат дека вртоглавиците и губењето на видот при стоење можат да бидат рани знаци за невролошки заболувања, како што е Паркинсоновата болест. Но, сепак тоа не значи дека треба веднаш да одите на невролог следниот пат кога пред очи ќе ви се појават црни точки. За тоа може да постои сосема безопасна причина, како нус-појава од некои лекови, дехидратација или едноставно, стареење.
- Речиси секој од нас понекогаш доживуваат моментални проблеми со видот кога нагло ќе станеме, посебно ако сме болни или дехидрирани – вели доктор Дејвид Запала.
Сепак, ако почесто прд очи ви се појавуваат црни точки, а не само понекогаш, Запала предлага да ги преиспитате своите навики и здравјето, бидејќи срцевите болести, дијабетесот и прекумерната телесна тежина исто така може да бидат причина зошто понекогаш гледате точки.
- Последиците од лоша исхрана, пушењето или прекумерното консумирање алкохол, физичката неактивност не се јавуваат веднаш. Тоа е долгорочен ефект – предупредува Запала. Некои луѓе се грижеле за себе, вежбале, внимаваат што внесуваат во своето тело, и затоа сега уживаат во пензијата. Другите живееле живот за кумулација на лоши избори, поради што имаат хронични вртоглавици и не можат да одат без помагала. Тоа е најдобрата мотивација за да се грижите за себе – секој ден – истакнува Запала.


