Без разлика на тоа дали сакате или не да носите брада, треба да знаете дека таа има бројни предности, а некои од нив се дури и корисни за здравјето.

1. Го забавува стареењето

Веројатно никогаш не се сте размислувале за тоа, но брадата блокира помеѓу 90% и 95% од УВ-зраците, поради што оние мажи кои имаат брада имаат помалку брчки, но и помал ризик да заболат од рак.

2. Спречува да се појават враснати влакна

Сите мажи кои редовно се бричат знаат каква мака претставуваат враснатите влакна, црвенилото и иритациите на кожата на лицето. Оние кои пуштаат брада немаат такви проблеми.

3. Помажествен изглед

Припадниците од двата пола сметаат дека мажите со брада се помажествени од оние со избричени лица. Имајте на ум и тоа дека должината на брадата игра важна улога.

4. Заштедува време

Мажите кои се бричат редовно, во текот на животот ќе потрошат околу 3.350 часови на бричење.

5. Помал ризик за добивање астма и алергија

Влакненцата на лицето задржуваат дел од прашината и на тој начин спречуваат таа да влезе во нашиот респираторен систем. Тоа значи дека брадата ги задржува алергиите вон нашето тело, потенцијално намалувајќи го ризикот од инфекции и болести.

6. Загрева

Во текот на летото брадата не е предност, но во зима секако е.

7. Ја оддржува кожата хидрирана

Мажите кои се бричат редовно ја исушуваат кожата на лицето, па мора да нанесуваа креми за да и ја вратат влагата. Мажите кои имаат брада не мора да го прават тоа, затоа што брадата им ја задржува природната маснотија која го влажни лицето.

 

Тагови: брадамажи
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина