Модриот домат е повеќе од зеленчук
Модриот домат изгледа како обичен зеленчук, но тој всушност има многу други, помеѓу другото и здравствени предности. Овој зеленчук содржи многу витамини и минерали, го храни мозокот, го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта, ослободува од стрес…
Консумирањето на кој било зеленчук придонесува за намалување на ризикот од здравствени проблеми поврзани со одредениот нездрав начин на живот. Таков е случајот и со модриот домат кој е во состојба да ги намали ризиците поврзани со дебелината, дијабетесот и срцевите проблеми.
Секој оној кој сака да му се посвети на здравиот начин на живот треба што поскоро да го вклучи модриот домат во својата исхрана.
Можат да се одделат девет неверојатни здравствени бенефити од модриот домат:
Губење килограми – Модриот домат е зеленчук кои има висока содржина вода и многу малку калории. Оваа негова особина го правиидеален во исхраната која е наменета за губење на вишокот килограми. Сунѓерестата структура му ги олеснува овие негови карактеристики, па затоа може да се консумира во својот природен облик, што и се препорачува секојпат кога е можно тоа.
Срце – Од слични причини како и кај елиминацијата на вишоокот килограми, модриот домат е одличен и за срцето, бидејќи работи активно на подобрувањето на здравјето на целиот организам. Студијата направена за ефектот на сокот од модар домат покажала дека тој може да помогне во намалувањето на нивото на лошиот холестерол, подобрување на здравјето на ѕидовите на артериите и опуштање на крвните садови.
Мозок – Високото ниво на фитонутриенти во модриот домат им помага на мозочните функции така што налик на заштитна обвивка го штити мозокот од слободните радикали и од разни видови на повреди. Комплексот на Б-витамини помага во олеснувањето од физичка и ментална напнатост. Вклучувањето на овој зеленчук во неделниот режим на исхрана ни овозможува да мислиме многу побрзо и подинамично.
Запек – Оние кои преживуваат хронична опстипација можат да имаат исклучителна полезност доколку го вклучат модриот домат во својата секојдневна исхрана.
Влакната во овој зеленчук го поттикнува празнењето на цревата и дополнително миење на нивната внатрешност, што ги оддржува чисти од отрови. Тој дополнително пружа помош во третирањето на хемороидите и колитисот.
Калориско консумирање – Иако можеби не сте поборници за броење калории, мора да се признае дека тие се многу важни, бидејќи сите намирници имаат различен број калории во себе. Овој зеленчук се вбројува во вистински рекордер кога се работи за калорискиот состав, бидејќи е неверојатно како толку многу хранливи материи се собрани во толку малку калории. Една шолја модар домат има само 35 калории, што е неверојатно мал број во однос на другите видови зеленчук.


