Еден час по некоја фиизчка активност, веројатно се чувствувате поенергични и полни со елан. Меѓутоа, веќе два часа подоцна подготвени сте да изедете се што ќе најдете во фрижидерот и потоа се грижите како тоа пустошење ќе влијае врз вашиот процес на слабеење.

 

Во тоа нема ништо чудно, бидејќи вежбањето не го стимулира апетитот секогаш и кај секого на истиот начин.

 

Во најновото истражување со помал облик, кое опфатило 16 здрави мажи, (додека жените биле изоставени поради влијанието на менструалниот циклус врз метаболизмот и апетитот), било мерено нивото на хормонот грелин по неколку различни физички активности. Исто така, испитаниците имале задача и самите да го оценат своето чувство на глад.

 

Се покажало дека поинтензивните и подолги вежби всушност го побиваат лачењето на грелинот, па оние кои ги практикувале послабо чувствувале глад од оние кои вежбале со послаб или поумерен интензитет во текот на покус временски период.

 

Професорот Дејвид Стенсел, од Факултетот за спорт и здравје на Универзитетот Лубориу, еден од авторите на студиите, вели дека поранешните истражувања не покажале дека луѓето јадат повеќе храна по вежбање отколку што е вообичаено за нив.

 

Меѓутоа, ако сакате да ослабнете, нема сомнение дека вежбањето ви е потребно. Сепак, за да спречите прејадување по тренинг, трудете се да го задржите интензитетот на вежбање на околу 75% од вашите максимални отчукувања на срцето.

 

Дури и кусите и експлозивни вежби, како 30 секунди спринт, го побиваат апетитот и лачењето на грелин. Тој ефект трае и до два часа по вежбањето, но варира од човек до човек.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина