Грејпфрутот е бомба од витамини и минерали – содржи калциум, калиум, фосфор, изобилува со витамините А и Ц. Освен тоа, ги спречува инфекциите и настинките и ги чисти цревата. Ова овошје содржи и пектин, кој го намалува холестеролот во крвта. Жолтиот грејпфрут има помалку витамин Ц од црвениот кој штити од ракот, бидејќи содржи флавоноиди – неутрализатори на супстанцијата која го поттикнува развојот на малигните клетки. Сокот од грејпфрут се препорачува како задолжителен дел од појадокот, бидејќи го спречува развојот на рак на белите дробови и на дебелото црево.

 

Ублажува грип и настинка

 

Најновите сознанија за грејпфрутот потврдуваат дека овој плод е ефикасен во борбата против вирусите и бактериите, па се препорачува против грип и настинки. Екстрактот од семките на грејпфрут се силно средство против повеќе од 800 видови бактерии и 100 видови габи. Од цветот на дрвото од грејпфрут се подготвува есенција која лекува несоница, но и тегоби предизвикани од болести на желудникот и срцето, додека екстрактот од листот има противвоспалително дејство. Сокот е богат со биофлавоноиди, кои го поттикнуваат метаболизмот и го поттикнуваат процесот на слабеење, делуваат полезно врз функцијата на црниот дроб и ги јакнат артериите.

 

Ако секојдневно јадеме по еден грејпфрут, ќе го намалиме лошиот холестерол за 15%, а триглицеридите за дури 27%.

 

 

Ги отстранува темните дамки на кожата

 

Овој цитрус ги остранува темните дамки на колената и лактите. Грејпфрутот е полн со витамин Ц, како и со блага киселина која помага темните дамки на кожата да избледат, бидејќи го редуцира претераното производство на пигмент на кожата.

 

Го забрзува метаболизмот

 

Со грејпфрутот полесно се губат килограмите. Јадењето на само половина грејпфрут пред секој оброк губат во просек околу 1,5 килограми за три месеци. Состојките во ова овошје помагаат во согорувањето на маснотиите и ја стабилизираат количината на шеќер во крвта, што значи природно го намалуваат апетитот. Со оглед на тоа што содржи многу влакна, подолго ќе ве држи сити, па нема да имате потреба за непотрени грицкања меѓу оброците. Имено, се што е потребно е само половина грејпфрут дневно и ќе ја постигнете посакуваната фигура.

 

Влијае врз еластичноста на кожата

 

Витаминот Ц го поттикнува производството на колагенот, кој ја прави кожата поеластична и помлада.

 

Го отстранува целулитот

 

За еден месец, третирањето на проблематичните зони со маска која содржи грејпфрут во себе ќе ве ослободи од целулитот и тоа многу ефикасно.

 

Состојки за маска против целулит:

 

  • 2 дл. цеден сок од црвен грејпфрут
  • 10 капки рузмариново масло
  • 30 мл. маслиново масло

 

Подготовка:

 

Се мешаат сите состојки, се ставаат во стаклено шишенце и добро се протресуваат. Местата со целулит прво се чистат со пилинг, а потоа се нанесува оваа мешавина.  Добро се втрива во местата со целулит и истите се замотуваат во стреч фолија. Оставете ја да делува 45 минути. За тоа време може да вежбате – тоа ќе даде уште подобри резултати. По ова време отстранете ја мешавината од кожата и задолжително истуширајте ги нозете, наизменично со топла и студена вода.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина